Како да го регулирате високиот крвен притисок без лекови?

Покачениот крвен притисок се поврзува со срцеви заболувања и болести на бубрезите, но зошто воопшто се јавува покачен крвен притисок и како да го регулирате?

Многу луѓе во Македонија ги мачи покачен крвен притисок или хипертензија, што е најчест здравствен проблем во современиот начин на живот. Сепак, многу луѓе не знаат што е покачен крвн притисок и што го предизвикува.

Крвниот притисок го одредуваат два броја: систолниот притисок (поголемиот број), односно силата со која срцето пумпа крв во телото, и дијастолниот притисок (понискиот број), односно отпорот на протокот на крв во крвните садови. Се смета дека идеалниот крвен притисок е меѓу 90/60mmHg и 120/80mmHg.

Што предизвикува покачен крвен притисок?

Крвниот притисок е постојана тема на научни истражувања, а се поврзува со различни избори на начин на живеење, од пушење канабис, претерано користење интернет, јадење компири...

Не е секогаш јасно што точно го предизвикува покачениот крвен притисок, но некои навики сосема сигурно го зголемуваат ризикот.

Прекумерната дебелина, претераното внесување сол во исхраната, недоволното јадење овошје и зеленчук, претераното конзумирање алкохолни и кофеински пијалаци, пушењето, нереовното спиење и недоволна количина на сон се само дел од причините за зголемување на крвниот притисок.

Што може да направите?

Ако правите сѐ или барем нешто од овие работи, не е доцна, бидејќи можете да ги смените лошите навики и така да ги намалите ризиците и да го контролирате крвниот притисок.

Доктор Ентони Балдузи нуди совети за тоа како на природен начин, преку измени во исхраната и лесна физичка активност, да го регулирате високиот крвен притисок.

Низок крвен притисок

Јасно ни е дека не е добро да имате покачен крвен притисок, но не е добро и ако е многу низок.

Нискиот крвен притисок не мора да биде знак дека нешто не е во ред, но може да биде причина за губење свест, чувство на слабост, вртоглавици, моментално замаглување на видот и слично.

Ако имате некој од овие симптоми кога нагло станувате или ја промените положбата на телото, можно е да имате низок крвен притисок.

Низок крвен притисок може да имате и ако сте фит и здрави, но причините може да бидат бременост, дијабетес и земање одредени лекови.

Во секој случај, ако забележите промени на крвниот притисок, не се обидувајте да го решите на своја рака. Може да имате исти симптоми како некој друг, но тоа не значи дека може да ви помогне истата терапија. Побарајте помош од лекар и држете се до препораките и препишаната доза на лекови.

реклама

Украдени околу еден милион евра од приватна куќа во Скопје

Read more

Д-р Деари е првиот лекар кој почина од компликации на COVID-19 во земјава

Read more

Еден убиен, тројца повредени во пресметка во скопско Батинци

Read more

Ослободен американски педофил кој беше осуден на 1.000 години затвор

Read more

Здравје

СЗО пресуди: Хидрохлорокинот не ја намалува смртноста од COVID-19

Read more

Можно е заразените со COVID-19 засекогаш да го изгубат сетилото за мирис

Read more

Неколку причини зошто секој ден треба да јадете лубеница

Read more

Руски експерти направија лек за COVID-19

Read more

Магазин

  • play_arrow

Гурмански рецепти со јајца кои мора да ги пробате

Читај повеќе

СЗО пресуди: Хидрохлорокинот не ја намалува смртноста од COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто мажите почнуваат да се дебелеат после 30-тата година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што треба да јадете пред и по вежбање?

Читај повеќе
  • play_arrow

Здрав тренд кој треба да го пробате: Ладно цедено кафе

Читај повеќе

Можно е заразените со COVID-19 засекогаш да го изгубат сетилото за мирис

Читај повеќе

Секс совети за жени: Како да го продолжите вашиот оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Мисиркини гради во сос од вино

Читај повеќе
  • play_arrow

Четири освежителни пијалаци идеални за летово

Читај повеќе