Како да го спасите телефонот ако ви падне во солена вода?

Во случај телефонот да ви падне во солена вода, има некои работи што можете да ги направите за да го зачувате и да го вратите во нормална работа.

Отидовте на море и уживате во одморот, но во момент на невнимание телефонот ви се лизнал од раце или сте го ставиле во џеб и сте влегле во вода. Сценариото може да биде многу скапо или, ако имате среќа, безопасно. Еве што треба да направите.

Обидете се прво да го најдете

Освен ако не сте во ситуација кога вадењето на телефонот од вода би било опасно, треба да се обидете да го пронајдете и да го извадите од водата што е можно поскоро. Ако не можете да го видите, обидете се да посегнете по него со нозете или да копате во песок додека не го најдете. Можно е и по овие обиди да не го најдете.

Контактирајте со вашиот добавувач на услуги и известете го што се случило и замолете го да го префрли стариот број на нов уред. Со алатка како Find My Device на Apple, можете да го пријавите уредот како украден, да го деактивирате или да го отстраните од вашиот профил. Ако имате безбедно складирање во облак, можете да го користите за да ги вратите сите ваши податоци на вашиот нов телефон.

Исклучете го уредот и исушете го

Го најдовте вашиот телефон? Исклучете го веднаш. Користејќи чиста крпа, исушете го и, во зависност од моделот, извадете го телефонот од маската. После тоа, во зависност од тоа колку е стар моделот, отстранете ја SIM картичката, мемориските слотови и батеријата.

Ако смартфонот ви е во водоотпорна футрола или има IP сертификат кој гарантира заштита од вода, само исклучете го и исплакнете го со свежа вода. Избришете го со крпа и оставете го да се исуши неколку часа пред да се обидете повторно да го користите.

Но, ако не е водоотпорен, не го ставајте во ориз, бидејќи нема да помогне. Оризот нема да направи ништо, а водата ќе се исуши и ќе го остави телефонот полн со кристализирана сол која во меѓувреме ќе ја кородира електрониката. Ако сакате повторно да го користите тој уред, ќе треба да побрзате, да го расклопите и исчистите пред корозијата трајно да ги оштети внатрешните кола.

Ако е можно, расклопете го телефонот

Ако сте доволно вешти да го расклопите уредот, користете ги правилните алатки и направете го тоа што е можно поскоро. Веб-страницата iFixit објавува бесплатни водичи кои вклучуваат детални чекори за расклопување на голем број популарни паметни телефони.

Откако ќе го отворите уредот, исплакнете ја внатрешноста со дестилирана вода и многу внимателно отстранете ја корозијата со мека четка и оставете ја во 90 проценти алкохол еден час, повремено мешајќи за да се извлече водата. После тоа, извадете ги парчињата и оставете ги да се исушат 24 часа. Потоа повторно поврзете ги и проверете дали уредот работи. Ако работи, сте успеале. Ако не, време е да отидете во сервисен центар или во продавница за нов уред.

Кога е време за сервис?

Расклопувањето на уредот, се разбира, бара одредено техничко знаење и алатки за безбедно отворање на современите паметни телефони - без нивно оштетување. Ако целата процедура ви изгледа комплицирана, однесете го во сервисен центар што е можно поскоро. Кажете им дека вашиот уред паднал во морето и тие ќе знаат што треба да се направи. Во секој случај, телефонот ќе мора да се расклопи и исчисти.

Ако не го поправат, однесете го во друга поправка. Ако имате iPhone, контактирајте со официјална продавница или сервис.

реклама

Исплива видео со Ивана Кнол од 2016: Како изгледаше порано „огнената“ Хрватка?

Read more

Од полноќ поголемо намалување на цените на горивата

Read more

Ана Брнабиќ: Србија е на раб на војна со Косово

Read more

Необичен знак за недостаток на витамин Б12

Read more

Мобилни

Како би можело да изгледа првиот телефон на преклоп на Google?

Read more

Корисниците во Европа ќе може сами да го поправаат својот iPhone

Read more

Кои телефони на Nokia ќе добијат Android 13?

Read more

Новите телефони ќе можe да преживеат пад на бетон

Read more
 

Гик

  • play_arrow
  • filter

Македонска дизајнерка ја покажа иднината на модата: Tex&Tech за револуција во индустријата

Читај повеќе

Apple ги зголемува цените на апликациите во App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Како би можело да изгледа првиот телефон на преклоп на Google?

Читај повеќе

Мистериозниот објект што ги фасцинира научниците го напушта Сончевиот Систем

Читај повеќе

Microsoft постигна десетгодишен договор со Nintendo за играта Call of Duty

Читај повеќе
  • filter

Последното прелетување на Orion покрај Месечината

Читај повеќе

SpaceX го претстави Starshield, нова сателитска услуга фокусирана на националната безбедност

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа внатрешноста на лаптоп од карбонски влакна?

Читај повеќе

Кои се најпопуларните графички картички меѓу Steam гејмерите?

Читај повеќе