Многумина од нас имаат спатифилум во своите домови - прекрасно растение со бели цветови, а ако сте забележале дека лисјата му пожолтеле - може да се спаси на едноставен начин.

Spathiphyllum, растение кое го носи и името „женска среќа“, се карактеризира со бели цветови, додека на англиски најчесто ќе го најдете под името Peace Lily.
Тоа е едно од најчестите растенија во затворен простор благодарение на неговите прекрасни бели цветови и способноста да напредува во услови на слаба осветленост.
Иако се смета за одличен избор за почетници, ова растение сепак може да бара многу кога станува збор за одредени услови, како што се нивото на наводнување и влажност.
Всушност, лисјаta може брзо да пожолтат и да паднат ако условите не се во ред. Имено, доколку е предолго во иста саксија, би можело да стане премала за растението и да треба да се премести во поголема.

Исто така, ако забележите дека листовите пожолтуваат, тоа може да биде знак дека му треба ѓубриво.
Спатифилумот треба да се ѓубри еднаш месечно во текот на сезоната на растење - од март до октомври. За ова, најдобро е да користите универзално течно ѓубриво кое треба да се разреди во вода според упатствата на шишето.
Дополнително, добро е да се знае дека сите делови на ова растение се отровни, па затоа е важно да се чува подалеку од дофат на деца и домашни миленици.