Фит

Како да изгубите 5 килограми за краток период?

19. октомври 2019 - 14:16 | М.С.

Иако доаѓа зимата, не треба да се препуштите на слатките и солени задоволства. 

Постојат неколку едноставни промени кои можете да ги направите доколку се борите со вишокот килограми и сакате да ослабете до крајот на декември.

Како да ослабете за краток период?

1. Спијте

Постојано читате колку е важен добриот сон за вашето здравје. Недостатокот од сон резултира со зголемен внес на шеќер.

Луѓето јадат за да останат будни. Без разлика на тоа колку години имате, вреди да заминете порано на спиење и да се разбудите одморени.

2. HIIT тренинг

Бројни истражувања покажаа дека HIIT, интервален тренинг со висок интенизтет, е најдобар за согорување на калории во краток период. Калориите се топат во текот на тренингот, но и после него. Интервалниот тренинг го менува метаболизмот и донесува психолошки промени кои долгорочно се корисни за губење на килограмите.

3. Зголемете внес на растителни влакна

Растителните влакна имаат моќ да го заштитат организмот. Храната богата со растителни влакна се вари подолго време, а намирниците како што се портокал, мандарина и цитрон се полни со вода. Ќе бидете сити, помалку ќе јадете и ќе слабеете.

4. Јадете во определен период

Јадењето во определен период помага. Ограничениот внес на калории ја намалува желбата за шеќер.

Коментирај