Како да излезете од магепсаниот круг на диети и дебелеење?

А.С.
/ 31.05.2023 / 12:39

Кето, паганска, петдневна, со постење, без месо, без шеќер, со супа, со зелка, без ова, без она... нема ден да не слушнете некоја нова диета, односно режим на исхрана, што ветува чуда и слабеење за кратко време.

И самите сте пробале многу од нив и не сте биле задоволни од резултатите или барем не долгорочно. Затоа одново и одново барате магично решение за вишокот килограми, масните наслаги, „спојлерите“ на струк и „свадбарките“ на рацете.

И така магепсаниот круг на изгладнување и прејадување продолжува. Резултатот е катастрофален: забавен метаболизам, иста бројка на вагата и неретко – паднат имунитет и влошено здравје.

Затоа прекинете го магепсаниот круг. Решението ви е пред носот. За да ослабете успешно доволно е разумно да ги намалите порциите и да воведете редовна физичка активност.

Тоа значи дека навистина нема одрекувања, нема забранети намирници. Клучот е во умереноста и балансираноста. Ако ја распоредите храната во неколку помали оброци – појадок, ужина, ручек, попладневна ужина и вечера, нема да гладувате и ќе бидете сити цел ден. Резултатите ќе бидат видливи за брзо време, а вие ќе бидете позадоволни со себе и здрави.

Онолку колку што сте изеле мора и да потрошите. За тоа ќе ви помогне физичката активност што мора да ја воведувате постепено, умерено и континуирано. Секое трошење на енергија се важи – пешачење, брзо одење, трчање, танцување, возење велосипед...

Треба да вежбате најмалку три пати неделно со вкупно траење од 150 минути.

Бројни истражувања покажале дека луѓето кои се физички активни имаат попозитивен поглед на себе и на околината. Тоа ќе ви го намали нивото на стрес, главниот виновник за таложење на масни наслаги околу струкот и стомакот.

Не заборавајте дека менталното здравје е подеднакво важно колку и физичкото. Посветете си време за себе и главната цел нека ви биде да бидете здрави и способни, а не „совршено слаби“.

Тагови
реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Фит

Две грешки во исхраната додаваат сантиметри на стомакот

Read more

Кое е најдобро време за вежбање ако целта ви е слабеење?

Read more

Најдоброто месо за билдање мускули

Read more

6 митови и факти за стомачните мускули

Read more
 

Магазин

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Читај повеќе

Две причини зошто мажите одлучуваат да стапат во брак

Читај повеќе
  • play_arrow

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Времето за неа стои: Клаудија Шифер се врати на модната писта

Читај повеќе

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Читај повеќе

4 совети како детето полесно да се одвикне од цуцла

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои често остануваат во лоши и токсични врски

Читај повеќе

12 причини за лош здив - можe да укажуваат на сериозен здравствен проблем

Читај повеќе

Карактерни особини на мажите кои имаат богат сексуален живот

Читај повеќе