Како да ја одржите интимата со партнерот откако ќе станете родители?

Кога ќе станете родител, следуваат толку многу промени – се менува дневниот распоред, колку спиете, количината на енергија што ја имате...

По долгите денови и ноќи со бебето, или работење цел ден и справување со паралелни обврски, понекогаш сме премногу исцрпени и за да размислуваме за блискост со партнерот. Од толку многу работи што треба да ги направиме во еден ден, интимната врска се чини паѓа на последно место.

Џејми Ваксман, лиценциран советник за брак и семеен терапевт и едукатор за секс, сподели неколку корисни совети за тоа како да ја одржиме интимата жива откако ќе станеме родители.

Забележувајте и разговарајте

Многу е важно да забележите што се случува околу вас и да бидете свесни во каква ситуација сте во моментот. Охрабрете разговор за да му дадете до знаење на вашиот партнер дека поминало некое време од последниот пат кога сте биле интимни (тоа не мора да подразбира секс) и изјаснете се дека ви е жал што сте се оддалечиле. Разговарајте за тоа како би можеле да го промените тоа.

Ваксман ја нагласува важноста на тоа партнерите да дејствуваат како тим, додавајќи дека нивните сопствени потреби се здрави и сосема нормални во умерени количини, но треба да се внимава другата страна да не се охрабрува да се чувствува отфрлена и непожелна.

Бидете транспарентни

Впуштањето во сексуални активности веднаш по породувањето не е препорачливо и лекарите советуваат да не го правите ова најмалку шест недели по раѓањето на бебето. Но, дури и во моментот кога жената ќе добие зелено светло, можеби нема да биде психички подготвена за тој чекор. Затоа, многу е важно и двајцата партнери да бидат многу транспарентни со своите чувства и желби и да имаат разбирање еден за друг.

Подигнете ја самодовербата

Голем процент од жените се чувствуваат несигурни во врска со своето тело по породувањето и затоа сметаат дека не се доволно привлечни за својот партнер. Драги жени, вие сте страшно привлечни за партнерот и вашиот маж ги посакува вашите допири и нежност. Обидете се да го смените начинот на кој се гледате самите себе, така што ќе се дотерате и ќе си бидете убави и привлечни прво за себе. Сексот и интимата почнуваат во главата.

Ценете се еден со друг

Многу е важно да го цените вашиот партнер и да му покажете колку се грижите за вашата врска и колку сте среќни што сте тука еден за друг. Дајте си бакнежи или прегратка за добро утро, добра ноќ или како поздрав пред работа. Покажете си едни на други колку уживате да бидете заедно.

Покажете дека сте фокусирани на бракот исто колку и на вашето дете

Најдете време да му се посветите само на вашиот партнер. Може да биде кратка масажа на нозете додека гледате филм или разговор за тоа како го поминавте денот 15 минути пред да одите во кревет или дури и краток повик додека сте на работа. Покажете му на партнерот дека неговото мислење е важно за вас и дека сакате тој да се чувствува сакан.

реклама

Заврши најкрвавата битка во Украина, Азовстал во рацете на Русите

Read more

Полска бара демилитаризација и преименување на Калининград, Русите се изнасмеаја

Read more

Необична снимка: Уште еден доказ дека со Путин нешто не е вo ред?

Read more

Обрнете внимание: 6 важни симптоми кои укажуваат на опасен рак

Read more

Љубов и секс

Љубов предодредена во ѕвездите: Совршената хороскопска двојка

Read more

7 прашања за сексот што ги мачат луѓето во долги врски

Read more

Колку секс е премногу секс?

Read more

Брачен советник откри на што најмногу се жалат жените на терапија

Read more
 

Магазин

Седум прашања што треба да си ги поставувате пред роденденот

Читај повеќе

Помалку познати рани знаци на бременост

Читај повеќе

Љубов предодредена во ѕвездите: Совршената хороскопска двојка

Читај повеќе

Сурутката ги чисти црниот дроб и цревата, но која е подобра – кравја или козја?

Читај повеќе

Дали начинот на кој седите може да ви го продолжи животот?

Читај повеќе

Како да ги намалите сметките за струја?

Читај повеќе

Добро Ми Стои кај Претседателот

Читај повеќе

Зошто со годините потешко го поднесуваме мамурлакот?

Читај повеќе

Како најлесно да го исчистите златниот накит?

Читај повеќе