Како да ја остварите целта од ефикасни 10.000 чекори дневно?

А.С.
/ 30.05.2024 / 15:44

Пешачењето е практична и ефикасна вежба која може да помогне во согорувањето на калориите, да го подобри вашето кардиоваскуларно здравје и да го подигне вашето расположение.

Веројатно барем еднаш во животот сте слушнале дека за здравје и слабеење треба да правите десет илјади чекори дневно, иако многу луѓе не прават ни половина од тоа.

Ако и вие се начите да направите толку многу чекори на ден, личниот тренер Кајри Фур има неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да ги исполните вашите цели.

Поставете си реални цели

Поставувањето реални цели е клучно за одржување на мотивацијата и конзистентноста. Како и со сите други цели во животот, за остварување на крајната цел од десет илјади чекори дневно важно е да се започне со остварливи цели и постепено да се зголемува бројот на чекори за да се избегне воспаление на мускулите и повреди.

„Важно е постепено да го зголемувате бројот на чекори со текот на времето, наместо веднаш да се стремите кон десет илјади чекори дневно. Ова е тешко да се постигне ако не сте во форма и ако правите толку многу чекори одеднаш, може да страдате од воспаление на мускулите подоцна“, истакнува Фур.

Фокусирајте се на интензитетот

Интензитетот на вашите дневни прошетки е исто толку важен колку и бројот на чекори што ги правите. За да го подигнете интензитетот на одење на следното ниво, вклучете интервали за брзо одење за да го забрзате пулсот и да го максимизирате согорувањето на калориите, известува Eat This, Not That.

Фур објаснува дека „интервалите на брзо одење или наклонетост кон зголемување на интензитетот на вашите прошетки можат да согорат повеќе калории и да помогнат во подобрувањето на кардиоваскуларното здравје“.

Прошетката понекогаш нека биде предизвик

За да согорите повеќе калории, променете го темпото на одење и барајте угорници. Ако пешачите надвор, пронајдете некои ридови за искачување, или ако сте на лента за трчање, не бегајте од наклонот.

„Со одење десет илјади чекори дневно, трошите енергија, што може да помогне да се создаде калориски дефицит. Ако согорите повеќе калории отколку што внесувате, поголема е веројатноста да изгубите тежина", истакнува тренерот.

Следете го вашиот напредок

Ако сакате да ги следите вашите чекори, отчукувањата на срцето и слично, размислете за користење уреди или апликации кои ви дозволуваат да ги следите овие функции. Фур истакнува дека „користењето уреди како овој не е 100 проценти прецизно, но ќе ви помогне подобро да разберете колку се движите во текот на денот. Следењето чекори и другите функции исто така може да ви помогнат да останете мотивирани и одговорни пред себе и вашите здравје“.

Не одете секогаш по истиот пат

Промената на патеката за пешачење го прави целиот процес поинтересен. Ако постојано пешачите по истата рута, по некое време може да ви биде досадно, а ќе бидете помалку мотивирани да пешачите. Овие промени се забавен и возбудлив начин за истражување на нови места.

Тренерот советува „да внесете разновидност во вашата дневна рутина. Додавањето разновидност спречува досада и стимулира различни мускулни групи, особено ако прошетките по станот ги замените со прошетки по рид или на некој нерамен терен“.

Не заборавајте да останете хидратирани за време на прошетката

Според студијата од 2021 година објавена во Journal of Human Kinetics, хидратацијата е клучна за оптимални физички перформанси и максимизирање на придобивките од физичката активност, известува Eat This, Not That.

„Пијте вода пред, за време на и по вашата прошетка за да останете хидратирани и да ги поддржите процесите на согорување на мастите во телото. Дехидратацијата може да ги намали перформансите и да спречи губење на тежината“, објаснува таа.

Одете на утрински прошетки секогаш кога можете

Утринските прошетки го започнуваат метаболизмот и создаваат позитивно расположение во остатокот од денот. Според Националниот институт за здравје, утринските прошетки може да ги намалат шансите за развој на дијабетес, срцеви заболувања и висок крвен притисок.

Фур советува да го започнете денот со брзо прошетка низ соседството или локален парк. Насочете се најмалку 30 минути за да почнете да броите чекори. Утринските прошетки се одлична можност да се опуштите и да одвоите време за себе пред да се појават сите обврски во денот.

Кога врне користете лента за трчање

Кога надвор времето е лошо и не сакате да одите на прошетка надвор од дома, добро решение може да биде лента за трчање.

Користењето на овој уред е одлична алтернатива што ќе ви помогне да останете доследни на вашата дневна рутина.

„Ако времето е лошо надвор, можете да користите лента за трчање или подлога за пешачење додека работите, гледате телевизија или слушате музика. Се разбира, секогаш можете да пешачите кога надвор е лошо времето, но за многу луѓе тоа не е опција , така што користењето на одредени уреди во затворено е најдобрата алтернатива“, вели Фур.

Кога одите некаде со автомобил, паркирајте малку подалеку

Паркирањето подалеку од вашата дестинација е лесен начин да ги зголемите вашите дневни чекори.

„Можеби изгледа глупаво, но паркирајте го автомобилот подалеку од влезот додека извршувате работи или одите на намирници. Овој метод ќе ве принуди да преземете повеќе чекори за да стигнете до вашата дестинација, зголемувајќи ги вашите дневни чекори", истакнува личниот тренер.

Прошетајте ги вашите миленици

Кога одите на прошетка, не заборавајте да ги земете вашите животни со вас. Иако сопствениците на кучиња и онака одат на прошетки неколку пати на ден, освен што шетаат само за да ги задоволат потребите на кучето, сопствениците може да ги носат и на подолги прошетки кои добро ќе влијаат на здравјето на нивните миленици.

Шетањето со домашни миленици е забавен начин да бидете активни и да уживате во квалитетно време со милениците.

„Прошетајте го вашето куче неколку пати на ден. На кучињата им треба редовно вежбање, а прошетките ќе бидат корисни и за нив и за вас“, заклучува Фур.

Тагови
реклама

Официјално отворенa Нотр Дам – дојдоа Трамп, Зеленски, Маск, Мелони...

Read more

Падна Дамаск, Асад побегнал од Сирија со авион

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Gladiator 2 е најпрофитабилниот филм во кариерата на Дензел Вашингтон

Read more

Фит

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Read more

Храна што може да ја јадете без страв од дебелеење

Read more

Како да правите повеќе склекови за само 30 дена?

Read more

7 намирници што ќе ве држат сити без дополнителни калории

Read more
 

Магазин

Кардиолог препорачува два суплемента за подобро срцево здравје

Читај повеќе

И во зима може да дехидрираме: Кои се симптомите?

Читај повеќе

5 намирници кои може да ги намалат знаците на стареење

Читај повеќе

Кои се најдобрите извори на протеини според диететичарите?

Читај повеќе

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе

Како спиењето подоцна за викенд влијае на здравјето?

Читај повеќе

Експертка ја откри вистинската локација за новогодишната елка во домот

Читај повеќе

Десерт на денот: Австрискиот кајзершмарн е сличен на палачинки

Читај повеќе