Како да ја победите зимската депресија?

Овој сериозен проблем го има половина од светското население, а многумина не сфаќаат дека самите можат да влијаат на подобрување на оваа состојба.

Зимската депресија позната како Сезонското афективно пореметување (САП - зимска депресија) е вид на депресија која најчесто се јавува во есен и зима, кога сè помал е бројот на сончеви денови, а најтешките месеци се јануари и февруари. Со доаѓањето на пролетта ситуацијата се подобрува.

Сезонското афективно пореметување се поврзува со биохемиски дисбаланс во мозокот, на што влијаат пократките денови и недостатокот на сончева светлина.

Како што се менуваат годишните времиња, луѓето ги чувствуваат промените во својот внатрешен биолошки часовник.

Вообичаните симптоми вклучуваат умор и зголемена телесна тежина поради прекумерното консумирање на храна и зголемена потреба за јаглехидрати.

Во другите знаци спаѓаат тагата, губење на интересот за активностите во кои уживаме, чувство на вина, помала концентрација и донесување на одлуки, како и самоубиствени мисли.

Ова пореметување може да се јави во било кој период од животот, но најчесто почнува помеѓу 18 и 30 години и почесто е кај жените отколку кај мажите.

Како да се бориме со зимската депресија?

Според советите од научниците најдобар начин за да се борите со ова пореметување е да се потрудите да бидете што повеќе изложени на природна светлина.

Пешачете кога ќе се појави Сонцето, па дури и 20 минути се доволни.

Од помош можат да бидат и редовно вежбање, здрава исхрана и дружење со пријателите и со семејството.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе