Како да ја поддржите другарката кога држи диета?

А.С.
/ 07.09.2021 / 18:17

Бидете вистинска другарка и дајте ѝ морална поддршка на пријателката кога решила да држи диета и не ја искушувајте во најтешките моменти.

Кога знаете дека личноста која ја сакате и ви значи решила да слабее и да почне поздрав живот, првиот импулс е да им дадете комплимент. Сепак внимавајте. Реченицата „Леле, ама си ослабела!“ некој може да ја доживее како „Беше дебела претходно“, без разлика на вашата најдобра намера. Прочитајте ги овие совети како да ја поддржите и охрабрите пријателката која почнала диета и борба со вишокот килограми:

Супер изгледаш!

Заобиколете ја фразата „Леле, ама си ослабела!“. Можеби целта не ѝ е да биде слаба, туку само да ослаби некој килограм. А и ако само што ја почнала диетата, јасно е дека нема видливи резултати, па не ја лажете во очи. Дајте ѝ комплимент дека супер изгледа и голема е веројатноста дека тоа ќе го протолкува како „се гледа дека се трудиш да си го смениш животот на подобро“. Исто така и „Се гледа дека и се чувствуваш супер“ не е на одмет.

Сакаш да прошетаме? Може да вежбаме заедно!

Она што го правите за пријателите секој ден применете го и тука: поддршката значи сѐ! Вежбањето во друштво е позабавно и ќе се мотивирате меѓу себе за позитивни промени.

Бидете тимски играч

Не мора да ја следите диетата и режимот на вежбање во чекор со другарката, но не ја викајте на гости на палачинки или да поделите помфрит кога сте излезени ако знаете дека има конкретен план на исхрана. Потрудете се да не ја „провоцирате“ со разговори за храна и не мора да ја слуша реченицата „Изедов цел хамбургер и уште сум гладна“. Таа најверојатно денес јадела целер!

Одличен план!

Ако другарката ви зборува за тоа како си го сменила животот, како се храни во моментот, како вежба и слично, немојте веднаш да почнете да ги раскажувате своите искуства или приказни за други луѓе кои успешно ослабеле. Ако ја почнете реченицата со „Кога бев јас на диета...“, иако можеби вам ви звучи како поддршка, за неа може да биде знак дека не се труди доволно или дека не постигнува резултати како други луѓе кои работат на случајот „слабеење“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фит

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе