Како да ја разликувате сезонската алергија од настинката?

Дали ве мачи алергија или настинка, како да ги препознаете симптомите на овие две состојби од кои подеднакво страдаат децата и возрасните?

Истражувањата покажуваат дека голем број луѓе не знаат да разликуваат настинка или грип од алергиски напад. Иако симптомите се многу слични сепак постојат мали разлики кои ќе ви помогнат во препознавањето и разликувањето на овие здравствени тегоби.

1. Разлики

Што треба да имате во обѕир кога се обидувате да идентификувате дали станува збор за настинка или алергија?

- чешање и солзење на очите се чест знак на симптоми на алергија

- кашлање и често кивање со исфрлање на безбоен секрет од носот се симптоми на алергија

- настинката не предизвикува чешање на очи и тоа е еден од најсигурните начини да разликувате алергија од настинка

- најбезбедно е да проверите да не станува збор за бактериски конјуктивитис

- болки во грлото и зголемена температура начесто се случуваат при настинка

- болки во телото не се појавуваат кај алергија

- кај некои луѓе се појавува егзема, а тоа не е симптом на настинка.

2. Траење на симптоми

Има разлика во тоа колку траат симптомите на настинка и алергија. Симптомите на настинка обично траат од 7 до 10 дена. Симптомите на алергија може да ги чувствувате неколку недели, зависно од тоа колку алергенот останува присутен во воздухот.

3. Сличности

Некои симптоми се слични кај алергијата и настинката. На пример, и двете појави влијаат на респираторниот систем.

Еве што е слично:

- течење нос

- затнат нос

- кашлање

- воспалено грло

- конјуктивитис

- кивање

4. Што треба да знаете?

Алергијата не е предизвикана од вирус и не е заразна. Алергија се развива кога имуниот систем реагира на обично безопасни честички како да се опасни. Телото ослободува супстанци кои се борат со тие честички, една од нив е хистаминот чија задача е да го заштити телото од надворешни закани.

Постојат над 200 подвидови на вируси кои можат да предизвикаат настинка, се пренесуваат преку воздух од кашлање и кивање. Засега нема лек за настинка, најчесто се препорачува одмор, пиење на многу течности и слично.

Алергиите се третираат со лекови кои ги блокираат ефектите на хистаминот.

реклама

Сведоци на Илинденското востание: Каква Бугарија, рече Питу Гули, за Македонија излеговме!

Read more

Мицковски, временски патник - го честиташе Велигден на 2 август

Read more

Шоферски дилеми: Дали смеете да прескокнувате брзини?

Read more

Љетив на кров – BMW издание

Read more

Здравје

Начинот на живеење пред зачнувањето влијае врз здравјето на бебето

Read more

10 причини зошто козјото млеко е добро за здравјето

Read more

Колку е ладната вода лоша за дигестивниот систем?

Read more

И вакцинираните може да го пренесат делта сојот

Read more
 

Магазин

Начинот на живеење пред зачнувањето влијае врз здравјето на бебето

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицковски, временски патник - го честиташе Велигден на 2 август

Читај повеќе

Дали е сѐ дозволено во љубовта и војната?

Читај повеќе

10 причини зошто козјото млеко е добро за здравјето

Читај повеќе

Детектори за лаги - три хороскопски знаци од кои ништо не можете да скриете

Читај повеќе
  • play_arrow

Љетив на кров – BMW издание

Читај повеќе

Колку е ладната вода лоша за дигестивниот систем?

Читај повеќе

Цвеќињата за олимписките победници имаат специјално значење

Читај повеќе

И вакцинираните може да го пренесат делта сојот

Читај повеќе