Како да ја видите кометата Неовајс? Нема да се врати во наредните 7.000 години

Новооткриена комета се движи кон Земјата, а луѓето ширум светот ќе може да уживаат во прекрасното ноќно шоу што се случува еднаш во 7.000 години, соопшти НАСА.

Кометата Неовајс, најсветлата комета видлива од северната хемисфера последниве 25 години, влезе во орбитата на Меркур пред околу една недела.

URL

Близината на Сонцето и топлината направија нејзината опашка да биде уште подолга и уште посветла. Кометата со дијаметар од околу пет километри, ќе мине крај Земјата, а најблиску до нас ќе биде на 23 јули.

URL

НАСА ја откри оваа комета во март. Нејзиното јадро е покриено со слоеви материјал кој датира од почетоците на нашиот Сончев систем, пред околу 4,6 милијарди години.

Џо Масјеро од НАСА истакнува дека ова е најсветлата комета видена од средината на 90-тите досега. Астронаутите од Меѓународната вселенска станица веќе успеаја да ја разгледаат подетално. Боб Бенкен од НАСА сподели и фотографија од неа. 

URL

Можете да го најдете точното место на кометата со користење специјализирани смартфон апликации со интерактивни мапи од соѕвездијата.

Remote video URL

Иако е видлива со голо око, кометата сè уште е слаба, така што и двоглед би завршил добра работа.

Remote video URL

Од вчера, 12 јули, кометата е видлива и во вечерните часови. Околу еден час по зајдисонце ќе се појави во близина на северозападниот хоризонт. Како што поминува месецов, таа ќе се издигне повисоко на небото. На 23 јули кометата ќе стигне до најблиската точка до Земјата на оддалеченост од 103 милиони километри, пред да продолжи со својот космички лет.

URL
URL

По оваа средба, астрономите очекуваат кометата да ја нема одреден период. Се проценува дека луѓето на Земјата следен пат ќе ја видат во 8786 година.

URL
URL
URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе