Како да комуницирате со арогантни луѓе?

Арогантните луѓе делат неколку особини со нарцисите, вклучително и убедувањето дека се уникатни и дека само луѓе со висок статус можат да ги разберат, секогаш очекувајќи другите да им се восхитуваат.

Луѓето кои се спротивставуваат на арогантни луѓе често средината ги перципира како поединци со интегритет, како луѓе кои немаат намера да дозволат кој било да им се обраќа со непочитување.

Како може да комуницирате со арогантни луѓе?

На арогантните луѓе е потребно да им покажете дека другите луѓе не се сложуваат со нивните мислења и гледања на работите. Секако дека живееме во слободен свет и сите имаме право на мислење, но е неверојатно наивно и детски да мислите дека само вашето мислење или гледање на работите е правилно.

Кога арогантните луѓе ќе почнат да омаловажуваат некоја група луѓе, пробајте да ги предизвикате да ги оправдаат нивните ставови. Можете да им укажете дека некој ваш роднина е дел од омаловажуваната група. Одговорот ќе ги шокира бидејќи не им е поентата да омаловажат други туку индиректно да го кренат нивниот социјален статус. Ако се почувствуваат загрозено и среде конфликт, обично ќе се извинат и ќе продолжат да разговараат на други теми.

Кога станува збор за комуникацијата, арогантните луѓе го сакаат звукот на својот глас и способни се да држат долготрајни монолози, па понекогаш е потребно да го запрете монологот за да не „забегаат“ со муабетот. На истиот начин на кој арогантниот човек го презема главниот збор во разговорот, вие можете да го запрете тој разговор.

Арогантните луѓе имаат шесто сетило кои им помага да ги откријат вашите скриени болни точки и со прецизност да ги погодат. Можат, но и не мора да покажат емпатија, но дефинитивно го разбираат чувството на повреденост.

Ако сте им цел, треба да им дадете до знаење дека нивните коментари се болни и дека поради нив се чувствувате лошо. Ако се свесни дека со нивните забелешки предизвикуваат болка, постои шанса да го променат нивното однесување.

Со прашања од типот според што заклучи дека треба да го кажеш ова го предизвикувате арогантниот соговорник да ја објасни неговата изјава обоена со ароганција или се базира на стереотипи. Целта е да го принудите арогантниот човек да размисли што зборува пред да ги навреди луѓето.

реклама

Бритни Спирс повторно се разголи на Instagram, обожавателите се загрижени

Read more

Анален секс за почетници: 13 прашања кои секогаш сте сакале да ги поставите

Read more

Колапс на доларот: Многумина го предвидуваат, но никако да се случи

Read more

Картаполов без кочници: Кажете што се случува на фронтот, Русите не се глупави

Read more

Живот

Видови храна кои при замрзнување го губат хранливиот квалитет

Read more

Пари, нов стан, запросување - три хороскопски знаци со најмногу среќа во октомври

Read more

Маките кои денешните тинејџери тешко можат да ги сфатат

Read more

Интроверт или екстроверт – начинот на кој се изразувате ве разоткрива

Read more
 

Магазин

Осаменоста може да ве убие, тврдат научници

Читај повеќе
  • play_arrow

Китови-убијци снимени во лов на голема бела ајкула

Читај повеќе

Зошто треба почесто да јадете сладок компир?

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најопасни спортски арени во светот

Читај повеќе

Видови храна кои при замрзнување го губат хранливиот квалитет

Читај повеќе

Каков тренинг да изберете во зависност од возраста?

Читај повеќе
  • play_arrow

Тату артисти открија кој подобро поднесува болка - мажите или жените

Читај повеќе

Реагирајте навреме: Шест симптоми на рак на дојка кои не треба да ги игнорирате

Читај повеќе
  • play_arrow

Идеја за ручек: Пржено бело месо со компири

Читај повеќе