Microsoft неодамна соопшти воведување на многу корисна опција за канцелариски алатки Word и PowerPoint - можност за претворање на Word документи во презентации.

Ако мислите дека ова е алатка што може да ви помогне во вашата секојдневна работа, имате среќа - Microsoft ја објави и е достапна за сите корисници кои имаат пристап до онлајн верзијата на Office.
Сите детални информации за функцијата се достапни на страницата Microsoft Tech Community.
Конверзијата на документи од Word во PowerPoint е моментално достапна само во онлајн верзијата на Word, што значи дека ќе треба да пристапите до услугата Cloud на Microsoft за да ги конвертирате вашите документи. За да конвертирате документи, исто така ќе треба да ѝ помогнете на вештачката интелигенција да создаде функционална презентација - правилно форматирани заглавја. После тоа, вештачката интелигенција ќе го чешла документот и ќе направи слајдови според клучните зборови.
Мајкрософт објасни како да конвертирате Word документи во PowerPoint:
- Отворете кој било документ во Word за веб.
- Изберете File > Export > Export to PowerPoint presentation.
- Внесете го името на презентацијата
- Кликнете Open presentation за да ги видите резултатите од конверзијата во PowerPoint за веб.
- Презентацијата ќе биде креирана и зачувана во папката OneDrive на компјутерот на корисникот.
Алатката во моментов поддржува само англиски јазик.