Како да користите Google Maps кога немате интернет конекција?

Губењето на интернет конекција може да го направи вашето патување мизерно, особено ако се потпирате на телефонот за да знаете каде одите.

Без разлика дали се возите со метро во странски град или шетате низ недопрена природа, интернетот може да ве изневери. Сепак, не е сè изгубено. Во овие ситуации, можете да преземете Google Maps за офлајн употреба и да ги добиете вистинските насоки.

За волја на вистината, нема да добивате прецизни податоци кога станува збор за пешачење, транзит или велосипедски тури, но ќе добиете солидни офлајн насоки за возење.

Исто така, треба да имате на ум дека мапите што ги преземате ќе „истечат“ во одреден момент, бидејќи Google редовно ги ажурира за да бидат што попрецизни.

Еве како да преземете офлајн мапи:

Стартувајте ја апликацијата Google Maps на вашиот уред со Android или iPhone. Треба да сте најавени на вашиот профил на Google и да ја имате инсталирано најновата верзија на апликацијата.

Изберете ја мапата на градот или областа што сакате да ја преземете.

Притиснете го менито на дното на екранот со името на страницата што ја баравте и притиснете го копчето Download. Ако не ја гледате оваа опција, допрете ги трите точки во горниот десен агол на екранот и побарајте ја опцијата за преземање офлајн.

Google потоа ќе ви ја покаже мапата и ќе ве праша дали сакате да ја преземете. Притиснете Download повторно за да го потврдите вашиот избор.

Откако ќе ги преземете избраните мапи, тие ќе ви станат достапни дури и кога немате интернет конекција и можете лесно да ги прелистувате и истражувате кога сакате. Доволно е само редовно ажурирање на Google Maps, за да бидете во тек со промените кои Google ги спроведува.

Тагови
реклама

Силен земјотрес во Турција

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Како изгледа планот на Трамп: Крим оди во Русија, Украина (можеби) во ЕУ

Read more

Вести

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Read more

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Read more

Google блокирал пет милијарди реклами

Read more

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Read more
 

Гик

OpenAI е подготвен да го купи Chrome од Google

Читај повеќе

Instagram има адут во трката со TikTok

Читај повеќе

Sony откри како го подобрил ладењето на конзолата PlayStation 5 Pro

Читај повеќе

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Читај повеќе

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Читај повеќе

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Читај повеќе

Google блокирал пет милијарди реклами

Читај повеќе

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Читај повеќе

Што работи најмладата милијардерка во светот?

Читај повеќе