Близу 17% од децата и тинејџерите во САД имаат прекумерна телесна тежина. Исто така, се забележува дека тинејџерите и постарите луѓе кои се под стрес поради својата тежина имаат тенденција да добиваат вишок килограми, покажува истражувањето од националниот Институт за здравје во САД.
Прекумерната тежина го зголемува ризикот од здравствени проблеми кај децата. Но, дури и во оваа ситуација не бидете беспомошни. Тимот на научници од САД имаат предлози за тоа како да им помогнете на децата да го изгубат вишокот килограми, со промена на животниот стил. Тоа може да биде предизвик, но сепак е изводливо.
Најпрво, во овој процес вклучете педијатар. Тој може да го одреди бројот на калории по ден за вашето дете и да ви помогне да ги прилагодите на неговиот начин на исхрана. Притоа, сменете го режимот на исхрана на целото семејство, не само на вашето дете.
Клучни чекори при овој процес се намалувањето на нехранливата и калорична брза храна, газирани пијалоци, храна полна со рафинирани шеќери и сирупи со фруктоза, храна со голем процент на масти и друг вид на преработена храна.
Исто така, важно е да вежбате и да ги научите децата да вежбаат. Тие учат од постарите, нели? Треба да им внесете да имаат ужина после секој оброк, да им ги планирате редовните оброци, да им помогнете да избегнат јадење чипс и слатки работи навечер, посебно после училиште или после вечера. Внимавајте нивните калории секогаш да доаѓаат преку протеини, овошје и зеленчук.
Важно е децата да имаат барем дваесет минути умерена, енергична телесна активност . Ограничете им го времето коешто го поминуваат пред ТВ-екранот или играјќи видеоигри на еден до два часа дневно. Бидете трпеливи и постепено ќе постигнете резултати.