Како да направите детоксикација по празниците?

Ни претстојат празници во кои голем дел заземаат богатите трпези што изобилуваат со јадења со висок процент на маснотии и шеќери.

Пред нас е нова година, па да ги искористиме новогодишните одлуки за подобрување на начинот на кој се грижиме за телото кое (сигурно веќе) ни покажува дека време е за промена.

Во опуштена празнична атмосфера сите ќе јадеме и пиеме малку повеќе, но на телото потоа ќе му треба будење и прочистување од тие вкусни задоволства.

За да ја вратите рамнотежата во вашето тело, придржувајте се до овие чекори и посветете се на поздрав начин на живот за да го одржите балансот на здравото тело и дух.

Како знаете дека на организмот му е потребна детоксикација?

Здравите животни навики се добредојдени во текот на целата година, но ако се опуштите за време на празниците, не очајувајте. Со правилна детоксикација можете да решите бројни симптоми: умор, недостаток на енергија, поспаност, главоболки, проблеми со варењето и кожата, пад на имунитетот, несоница...

Ова се сите симптоми што телото ви ги испраќа како сигнали дека му е потребна детоксикација.

Позитивни ефекти на детоксикацијата

Исфрлањето на токсините од организмот ќе ви помогне да го засилите имунитетот, да ја подобрите циркулацијата и да овозможи правилна работа на црниот дроб и на бубрезите.

Покрај физичките придобивки, со детоксикацијата воспоставуваме рамнотежа и меѓу телото и духот, ја смируваме внатрешноста и тоа влијае на подобрување на душевната состојба и намалување на нивото на стрес.

Како да ја спроведете детоксикацијата?

За правилна детоксикација на организмот не се потребни строги диети – доволно е да ги следите насоките за здрав начин на живот. Тоа вклучува внесување повеќе течности, најмногу вода, чаеви и природни сокови. Одбегнувајте кафе, алкохол, енергетски и газирани пијалоци.

Важно е да се истакне дека детоксикацијата не значи изгладнување или прескокнување оброци, туку баш спротивно.

Треба да јадете повеќе, но помали и полесни оброци во текот на денот, што вклучуваат повеќе свежо овошје и зеленчук, особено зелјести растенија и мешунки.

Не заборавајте на физичката активност – преку потење ќе ги исфрлите токсините насобрани во вашиот организам. Прошетка со забрзано темпо во траење од 30-40 минути е најмалку што може да направите за вашето тело.

Не ја заборавајте негата на кожата. Одморете ја од парфимираните гелови за туширање и млека за тело и изберете органски сапуни и природни пилинзи со кои ќе ја обновите кожата и ќе ја подготвите за промената што ќе ѝ се случи и од внатре.

За добро здравје, покрај здраво тело, потребен ни е и здрав и спокоен ум. Одвојте време за истегнување, длабоко дишење и медитација во денот, посветено само на тоа во мирен и хармоничен простор.

Remote video URL
реклама

Здравје

Онколог предупредува што не треба да јадат жените над 50 години

Read more

Три сезонски зеленчуци што се одлични за срцето и крвните садови

Read more

Кое сирење е најлошо за холестеролот?

Read more

6 симптоми дека треба да направите анализи на крвта

Read more
 

Магазин

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Читај повеќе

Како Нови Сад го добил името?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопје има големо срце: Над 200.000 денари собрани на третата Добротворна модна аукција

Читај повеќе

Бабин рецепт за најсочни пилешки шницли: Крцкави однадвор и меки како путер однатре

Читај повеќе

Дали „прегорувате“ во теретана?

Читај повеќе

Уреди што никогаш не треба да ги вклучувате во продолжен кабел

Читај повеќе

Руски астролог предвидува на кои хороскопски знаци им претстои финансиски успех

Читај повеќе