За сите љубители на чоколадо, нема ништо подобро од домашна „нутела“, особено ако е здрава варијанта.
Сè што ви треба за домашна и здрава „нутела“ се неколку состојки, блендер и 5 минути.
Ова е одлична алтернатива доколку сте алергични на јаткасти плодови. Можете да користите домашно млеко бидејќи е покремасто, но добро е и купеното во продавница.
Состојки за „нутела“ од наут:
1 конзерва (1/2 чаша) наут, исцеден
1/2 чаша млеко од растително потекло
1 шолја црно чоколадо
5 суви урми
1 лажица јаворов сируп
1 лажичка кокосово масло
1 лажичка екстракт од ванила
1/4 лажичка морска сол
Подготовка:
Блендирајте ги сите состојки додека смесата не стане кремаста. Вкусете дали е доволно слатко. Додадете уште млеко ако кремот е премногу густ. Истурете ја смесата во тегла и оставете ја во фрижидер да се стегне.