Здравје

Како да не се здебелите кога ќе престанете со пушење?

25. јули 2018 - 9:48 | М.Д.

Ако сте престанале да пушите, многу е важно да го промените начинот на исхрана за да не се здебелите, тврдат швајцарски научници.

Тие советуваат дека исхраната после прекинување со пушење мора да изобилува со овошје и зеленчук, бидејќи тоа помага да не се наруши работата на цревата и да се потпомогне добро варење на храната.

Научници од универзитет во Цирих, велат дека 80 отсто од пушачите по прекинувањето со консумирање на цигари, во просек се здебелуваат за седум килограми, и во главно станува збор за собирање на масни наслаги.

Како што објаснуваат експерти, проблемот е во цревата, бидејќи кога ќе престанете со пушење, се менува составот на цревните флори, а со самото тоа доаѓа до дебелеење.

Добивање на вишок на килограми, им се случува дури и на оние кои јадат иста количина и ист вид на храна, која ја јаделе и додека пушеле.

Станува збор за тоа, дека наместо бактериите од родот firmicutes i actinobacteria, по прекинување со пушењето, во цревата почнуваат да доминираат многу поефикасни бактерии во преработка на храната, од типот на proteobacteria i bacteroides, што неминовно доведува до подобро искористување на хранливите материи, а со самото тоа и до дебелеење.

Професорот Џерард Роглер, лидер на тим од универзитет во Цирих, ја идентификуваше таа промена како причина за нагло дебелеење.

„Новата цревна флора, која во поголемиот дел од случаите се формира по прекинување со пушењето, многу поефикасно ја користи енергијата од храната која ја јадеме“, објаснува тој.

Коментирај