Како да откриете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Купувачите се предупредени дека поплавени возила може да завршат кај дилерите на автомобили.

Ураганот Ида го погоди северниот брег на Мексиканскиот Залив кон крајот на август, па продолжи кон областа Луизијана, со ветар кој дуваше со брзина од 240 км/ч. Тоа беше само почеток на пустошот што продолжи по источниот брег на САД, носејќи силен дожд и поплави во главните метрополитенски области во државите Њу Џерси, Пенсилванија и Њујорк.

Веб-страницата Carfax, која дава совети за купувачите на автомобили, проценува дека дури 212.000 возила во областите погодени од ураганот може да бидат сериозно оштетени од поплавите предизвикани од обилните врнежи.

Carfax ги предупредува купувачите дека овие возила може да завршат во продажните салони за автомобили и потоа да се најдат на патиштата, веројатно без никакво предупредување дека биле поплавени, но и без посериозна проверка и замена на компонентите што биле изложени на влага.

Во извештајот се забележува дека многу поплавени возила честопати изгледаат нормално на прв поглед откако ќе се исушат, но проблемите настануваат подоцна за време на возењето. Тоа може да се случи неколку дена, неколку месеци, па дури и неколку години подоцна.

„Нашите податоци покажуваат дека купувачите, кои воопшто не се сомневаат на штета, се изложени на ризик да завршат со автомобил што претходно бил поплавен“, вели Крис Басо, портпарол на Carfax.

„Вистинската опасност е дека овие автомобили може да изгледаат добро и да работат добро некое време, но порано или подоцна најверојатно ќе се појават големи проблеми. Поплавените автомобили буквално скапуваат одвнатре кон надвор, а на лаиците често им е тешко да се откријат такви оштетувања“.

Обилни врнежи дожд и поплави ја зафатија и Европа, особено земјте во западниот дел на континентот од каде најчесто доаѓаат половните автомобили за Балканот и Македонија, па советите на Carfax се применливи и за македонските купувачи.

Carfax советува да бидете особено внимателни за време на процесот на инспекција. Неопходно е да побарате знаци за оштетување од поплава, како што се мирис на застоено кондензација на таблата со инструменти, влажни патосници или тапацир, 'рѓа на вратата, како и траги од кал или песок под седиштето или во преградата за ракавици.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе