На прв поглед, тоа не можете да го видите. Но, тоа не значи дека не постои начин.

Портокалите се дефинитивно најпопуларното овошје. Некои ги јадат, некои ги пијат, а каков и да е вашиот избор, не грешите.
Ова овошје е богато со витамини Е, Б и Ц, како и со провитамин А, поради што се неверојатно корисни кога станува збор за подигање на имунитетот.
Портокалите, како што знаете, имаат кора, па на прв поглед не е можно да се види дали снатре плодот е свежо и полн со сок.
Некои луѓе ги избегнуваат оние со зелени дамки на кората, мислејќи дека се незрели, а со тоа и помалку сочни.
Други, пак, ги земаат помеките, мислејќи дека се посочни, послатки и позрели.
Експертите советуваат при купувањето на ова вкусно овошје, на пазар или во продавница, да не ги земаме првите на кои ќе наидеме или првите каде што не гледаме темни дамки.
„Без разлика на сортата, зрелиот портокал треба да има светла портокалова боја и свеж и ароматичен мирис“, вели њујоршката нутриционистка Никол Стефанов.
Покрај тоа, зрелиот портокал треба да биде цврст и неговата тежина да се чувствува во раката, бидејќи тоа значи дека портокалот е полн со сок, а и поради тоа е потежок.
Леснотијата обично укажува дека плодот почнал да се суши.

Со неа се согласува и готвачот Нејтан Лајон, кој советува да го изберете најтврдото можно овошје.
„Доколку планирате да ја користите кората (која инаку ги содржи сите есенцијални масла), изберете органски одгледани портокали. Пред да ги изберете оние што ќе ги однесете дома, изгребете го и помирисајте го секој портокал по малку; колку поубаво и посилно мириса, толку подобро!“, вели тој.
Д-р Стефанов додаде и дека зелените и кафените дамки не мора да укажуваат на тоа дека портокалот се расипува, т.е. да скапува, туку дека едноставно е созреан.