Како да препознаете дефицит на омега-3 масни киселини?

Омега-3 масните киселини се неопходни за правилен развој и функционирање на телото. Недостатокот на внес на омега-3 масните киселини предизвикува низа различни симптоми, најчесто когнитивни потешкотии и хронично воспаление во телото.

Иако некои симптоми на недостаток на омега-3 не се видливи - како што се хронично воспаление и проблеми со срцето - телото има начини да сигнализира дека му недостасуваат овие есенцијални масни киселини.

Доколку забележите некои од овие симптоми, пред да започнете со суплементација или да ја промените исхраната, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Сува, иритирана кожа

Сувата кожа може да биде ран предупредувачки знак дека на вашето тело му недостасуваат омега-3 масни киселини.

Иако дехидрацијата е најчеста причина за сува кожа, таа редовно се поврзува со недостаток на омега-3 масни киселини. Имено, тие се одговорни за одржување на здрави клеточни мембрани, што ја вклучува и нивната способност да ја задржат влагата. Акните се поврзани и со недостаток на омега-3 масни киселини - се смета дека ова се должи на зголемување на воспалението.

Некои истражувања покажуваат дека дополнувањето со омега-3 масни киселини може да помогне при егзема и псоријаза, токму поради нивната способност да го намалат воспалението во телото.

Намален волумен на косата

Ако претходно здравата и сјајна коса стане сува, нема сјај, се превиткува, а врвовите почнуваат да се делат или косата почнува да се истенчува - тоа може да се симптоми на недостаток на омега-3 масни киселини. Истражувањата покажуваат намалено опаѓање на косата кај жените како резултат на суплементација.

Вкочанетост и болки во зглобовите

Бидејќи омега-3 масните киселини произведуваат антиинфламаторен одговор во телото, се верува дека болките и вкочанетоста во зглобовите, особено оние предизвикани од ревматоиден артритис, може да бидат знак за недостаток на омега-3 масни киселини.

Студиите потврдуваат дека правилната суплементација ги ублажува симптомите кај луѓето со ревматоиден артритис и болки во зглобовите поврзани со лупус.

Мозочна магла и губење на когнитивните функции

Тешкотиите со концентрацијата или меморијата може да укажуваат на недостаток на омега-3 масни киселини, а со него се поврзуваат и Алцхајмеровата болест и деменцијата.

Депресија

Истражувањата покажуваат дека ниските нивоа на омега-3 масни киселини се поврзани со депресија, како и со други психијатриски нарушувања како што се биполарно растројство, шизофренија и нарушување на вниманието и хиперактивност (АДХД).

Суви очи

Синдромот на суво око, инаку една од најчестите очни болести, е поврзан со недостаток на омега-3 масни киселини.

Замор

Заморот е вообичаен знак за недостаток на омега-3, а истражувањето за ефектите од суплементацијата на омега-3 врз лупусот (кој се карактеризира со болки во зглобовите и замор) покажа дека омега-3 масните киселини можат да помогнат во ублажувањето на двата симптома.

Тагови
реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: Почна да тоне додека беа отворени челичните врати

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Здравје

Една дневна навика може сериозно да го оштети видот

Read more

Пролетен умор: Зошто нè исцрпува и како да го надминеме овој медицински феномен?

Read more

Храна што може да го намали ризикот од рак на желудникот

Read more

Како да го зајакнете имунитетот со едноставни промени во исхраната?

Read more
 

Магазин

Една дневна навика може сериозно да го оштети видот

Читај повеќе

Пролетен умор: Зошто нè исцрпува и како да го надминеме овој медицински феномен?

Читај повеќе

Храна што може да го намали ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе
  • play_arrow

8 најдобри вежби за поголеми и посилни мускули на нозете

Читај повеќе
  • filter

Најдобрата дестинација во Европа за женско соло патување оваа пролет

Читај повеќе
  • filter

Се продава венчаницата што Меланија ја носеше на свадбата со Доналд Трамп пред 20 години

Читај повеќе

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Читај повеќе

Две промени што треба да ги направите ако сте престанале да слабеете

Читај повеќе