Како да препознаете дека внесувате премногу протеини?

А.С.
/ 15.10.2024 / 09:00

Секогаш кога зборуваме за слабеење, градење мускули и слично, протеините секогаш некако се појавуваат во разговорот. Тие често се пофалени како исклучително важна хранлива материја, но дали може да се претера?

Имено, знаеме дека прекумерното внесување масти не е оптимално за организмот, ниту пак прекумерниот внес на јаглехидрати. Но, што е со протеините, дали може да се претера со нив?

Одговорот е – може, а кога и доколку се случи, телото ќе ве информира за тоа.

Дехидратација

Кога внесувате повеќе протеини отколку што му треба на вашето тело, вашите бубрези ќе работат прекувремено за да ги обработат.

За време на ова, азот, компонента на амино киселините во протеините, се исфрла од телото преку урината, што на крајот може да доведе до дехидратација.

Симптомите може да вклучуваат чувство на жед, замор, вртоглавица, како и невообичаено сува кожа или сува уста.

Пенеста урина

Ако вашата урина изгледа како пена, ова може да биде знак за протеинурија или високо ниво на протеини во урината. Исто така, можно е да се чувствувате како да мора постојано да уринирате, што е уште еден симптом кој може да укаже дека консумирате премногу протеини.

Камења во бубрезите

Иако јадењето повеќе протеини, особено животински протеини, обично не доведува до камења во бубрезите, ова е исто така нешто на кое треба да внимавате, особено ако имате историја на камења во бубрезите или фактори на ризик за состојбата.

Конзумирањето премногу животински протеини може да доведе до камења во бубрезите поради често мокрење, што се јавува како резултат на излачувањето на вишокот азот преку разградување на протеините во бубрезите.

Неправилни движења на дебелото црево

Конзумирањето премногу на која било хранлива состојка - вклучително и протеини - може да го отежне варењето и да доведе до проблеми со варењето, како што е запек.

Запекот е честа појава во овој случај бидејќи често се случува со внесување на зголемена доза на протеини да се намали внесувањето на други хранливи материи како што се влакната и воопшто затоа што недостига балансирана исхрана неопходна за регулирање на работата на цревата.

Затоа е најдобро да одржувате урамнотежена исхрана, да внимавате на големината на порциите и да вклучите храна како овошје, зеленчук и цели зрна во вашата исхрана, пишува Everyday Health.

Тагови
реклама

Фит

Дали „прегорувате“ во теретана?

Read more

Тренирајте паметно: Како да ја изберете вистинската тежина за тренинг за сила?

Read more

Како да извлечете максимум од секој тренинг?

Read more

Зошто може да ве боли главата после вежбање?

Read more
 

Магазин

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Читај повеќе

Како Нови Сад го добил името?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопје има големо срце: Над 200.000 денари собрани на третата Добротворна модна аукција

Читај повеќе

Бабин рецепт за најсочни пилешки шницли: Крцкави однадвор и меки како путер однатре

Читај повеќе

Дали „прегорувате“ во теретана?

Читај повеќе

Уреди што никогаш не треба да ги вклучувате во продолжен кабел

Читај повеќе

Руски астролог предвидува на кои хороскопски знаци им претстои финансиски успех

Читај повеќе