Како да препознаете лош личен тренер?

Фитнес целите не се лесни за остварување и потребно е многу работа, време и труд, но и основно знаење за тренингот и квалитетната исхрана. Невозможно е да се остварат било какви резултати без смислена програма за тренинг и соодветен начин на исхрана која мора да биде во склад со тренингот и целите кои поединецот сака да ги постигне. Сè е многу полесно доколку можете да ангажирате тренер кој ќе го направи токму тоа - ќе смисли добра програма за тренинг и исхрана според вашите индивидуални потреби, сето тоа ќе го следи и ќе ве насочува, а ќе се грижи и да останете мотивирани.

Таков индивидуелан пристап на стручен тренер ќе го платите скапо, но затоа резултатите ќе бидат гарантирани, па нема да ви биде жал за секој денар доколку ги постигнете посакуваните промени. Се разбира, доколку сте нашле добар тренер.

Како да препознаете дали треба да го смените вашиот тренер:

Доколку нема програма за вежбање. Тренингот и било какво сериозно вежбање треба секогаш да се прави плански и системски, што значи дека не може да имате тренер кој со вас вежба без програма која е јасно дефинирана според вашите индивидуални цели, потреби и можности и импровизира од тренинг до тренинг.

Доколку вежбате целосно исто што и другите. Приватен тренер плаќате токму за да работи со вас индивидуално, што значи дека програмата за вежбање ќе биде насочена и прилагодена на вас. Доколку работите исти вежби и тренинзи како другите негови клиенти, веројатно дека пристапот ко вашето вежбање не е индивидуален.

Доколку не ве следи. За време на приватниот час тренинг, тренерот мора константно да биде насочен кон вас, што значи да следи како ги изведувате сите вежби и движења. Тренерот кој сте го ангажирале не е добар доколку повеќето од времето не е со вас, туку повремено доаѓа со по некој совет и не го следи вашето вежбање за време на целиот тренинг.

Доколку се обидува да ви продаде нешто. Тренерот би требало да ве упати во суплементацијата која ви е потребна со вежбање и исхраната, но обрнете внимание доколку постојано инсистира да ви продаде нешто од производители за кои тој работи. Многу тренери на своите клиенти им продаваат разни суплементи кои не им се потребни или се прескапи.

Доколку не ве мотивира. Многумина даваат многу пари за личен тренер за тој да ги мотивира и да ги поддржува во вежбањето и во големите промени во начинот на живот. Тренерот не смее да биде индиферентен доколку сте нередовни во вежбањето и доколку не се придржувате кон договорениот режим на исхрана. Доколку на вашиот тренер му е сеедно дали сте редовни и мотивирани и дали ги остварувате целите, најдете друг.

Доколку не го следи вашиот напредок. За тренерот да може да го програмира вашиот тренинг и да воведува потребни промени во режимот на вежбањето и исхраната, мора да знае колку напредувате. Затоа, периодично, тренерот мора да го следи вашиот напредок. Доколку тренирате веќе со месеци со вашиот тренер, без тој на некој начин да ве тестира или да следи морфолошки промени, тогаш не е добар тренер.

Доколку не гледате резултати по одреден период. Веќе после првиот месец луѓето треба да видат барем мали промени во добра насока. Доколку ништо не се случува, а вие се придржувате до тренингот и режимот на исхрана и одмор, тогаш нешто не е во ред.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фит

5 намирници што треба да престанете да ги јадете ако сакате да го намалите стомакот до лето

Read more

Кои вежби најдобро влијаат на крвниот притисок?

Read more

Водич за слабеење за луѓе кои немаат време

Read more

Војничка диета - ќе видите резултати за три дена

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе