Како да препознаете себичен љубовник?

Може да биде многу фрустрирачки ако сте во врска со партнер кој е концентриран само на своето задоволство... особено во кревет.

Како да го препознаете себичниот љубовник кој сака да бидат задоволени само неговите потреби и желби, а не мисли на вашето уживање?

Ја избрзува предиграта

Има повеќе причини зошто некој ја прескокнува предиграта, а да немаат врска со себичност. Можеби неговата претходна девојка не сакала предигра, па тој дошол до заклучок дека жените не го сакаат тоа. Можеби станува збор за страв дека ако предиграта долго трае, нема да „издржи“ до „главниот чин“.

Ако за вас предиграта е важен дел од целиот сексуален чин, кажете му го тоа на партнерот. Ако и покрај тоа, тој пак ја игнорира и брза кон сексот во кој тој е главниот играч, вашиот партнер е себичен љубовник.

Го занемарува вашето уживање

Ако партнерот ги исмева вашите сексуални фантазии, па дури и наједноставните желби во кревет – како галење после секс -  тоа е знак на себичност. Нема подобар доказ дека вашиот партнер не е заинтересиран за вашето задоволство од тоа дека го врти грбот и заспива веднаш откако ќе заврши сексот.

Се фали пред пријателите со вашиот секс

Сите сакаме да се пофалиме на најблиските кога сме среќни, па дури и да споделиме дека сме имале фантастичен секс, но кога тоа преминува во споделување пикантерии, тоа не само што е знак на невкус, исто така е показател за себичност – нему му е поважно да се покаже како „фраер“ пред пријателите отколку да ја заштити вашата интима, занемарувајќи ги вашите емоции.

Го користи вашиот оргазам како трофеј

Една работа е вашиот партнер да се интересира што ве доведува до сексуална кулминација и што треба да направи за да доживеете оргазам.

Сосема друго е да ве прашува како сте доживеале кулминација за да може со тоа да си го полни егото и да се чувствува како мачо. Повторно, поважни се неговото уживање и „успех“, а тоа е знак дека е себичен љубовник.

реклама

Зошто чајот од оригано се смета за најздравиот чај во светот?

Read more
Од која држава луѓето најмногу се иселуваат и како стои Македонија на тоа поле?

Од која држава луѓето најмногу се иселуваат и како стои Македонија на тоа поле?

Read more
За учесниците во Балканската лига по 800.000 евра

За учесниците во Балканската лига по 800.000 евра

Read more
landscape-1464368425-landscape-1464288548-wine-theme-park-leadjpg.jpg

La Cité du Vin: Тематски парк за љубителите на вино

Read more

Љубов и секс

Како вагината се менува со годините?

Read more

Дали вашиот партнер знае да се соочува со проблемите во животот?

Read more

Најважниот елемент на секоја успешна врска

Read more

5 факти за пенисот што не ги учевме на час по биологија

Read more
 

Магазин

Видови цвеќиња кои се отровни за домашните мачки

Читај повеќе

Рак на простата може да се спречи со намалување на внесот на 3 намирници

Читај повеќе
  • play_arrow

Модерни идеи за украсување на празничната трпеза

Читај повеќе
Интензивен петминутен тренинг за горење калории

Интензивен петминутен тренинг за топење калории

Читај повеќе

Кои се најдобри витамини и суплементи за имунолошкиот систем?

Читај повеќе

5 најчести грешки поради кои не ви ја бива руската салата

Читај повеќе

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

Читај повеќе

Банана диета: Се слабее 18 килограми без гладување

Читај повеќе

Петок 13-ти им носи пари на три хороскопски знаци

Читај повеќе