Како да решите расправија во домашна изолација?

Пандемијата на COVID-19 ги стави луѓето ширум светот во голема здравствена неизвесност и ги затвори во нивните домови.

Во нашата земја воведени се строги мерки за заштита кои подразбираат и домашна изолација за време на полицискиот час. Ова значи дека ќе бидеме затворени во ограничен простор со луѓето со кои го делиме живеалиштето: партнерот, потесното семејство, цимери...

Социолозите и психотерапевтите укажуваат дека ова може да биде добра прилика да ги продлабочите односите со луѓето со кои живеете, да се запознаете подобро и да вежбате трпение и разбирање.

Но, во вакви услови исто така сосема е природно емоциите да се променливи, а трпението многу кратко. Различните начини на прифаќање на ситуацијата, почитување на мерките за заштита, како и секојдневните навики на секој член на домашната заедница имаат влијание врз квалитетот на живеење во овие услови и секако, на нашето ментално здравје.

Во други ситуации, при расправија или тензија би можеле да излеземе и да се „излуфтираме“ со кратка прошетка, но овојпат остануваме дома заедно со личноста со која сме во конфликт.

Психотерапевтите велат дека генерално, не постои правилен начин да се заврши расправија, туку има подобар начин да се води расправијата.

До подобрување ќе дојде кога ќе го промените начинот на кој комуницирате. Наместо со „ти правиш/не правиш...“ обидете се да комуницирате со „јас сакам...“ или „се чувствувам...“ и одбегнувајте груба критика. Наместо тоа, понудете факти.

Не заборавајте дека не треба да има победник во расправијата, туку да дојдете до взаемно разбирање и решавање на проблемот.

реклама

„Исцелител“ вечерва премиерно на МРТ

Read more

Новите заразени со COVID-19 во Скопје се од Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Карпош 1 и од Аеродром

Read more

Кинеска вакцина против COVID-19 испитана врз луѓе е безбедна и ефикасна

Read more

Во најдлабокиот рудник во светот заразени 164 рудари со коронавирус

Read more

Живот

Рамазан Бајрам се слави под маски и во најтесното семејство

Read more

Филипче: Срцето на една сакана мајка и сопруга сега чука тука во градите на Иван и тој го почнува неговиот втор живот

Read more

Кои ќе бидат правилата за примање туристи летово во Бугарија?

Read more

Зоран Кардула со нови портрети на истакнати Власи низ историјата

Read more

Магазин

  • play_arrow
  • filter

[Дигитален Моден викенд Скопје] Од блогерка, дизајнерка до стилистка – Дани Ѓуровска ги состави стајлинзите за Guess

Читај повеќе

Кинеска вакцина против COVID-19 испитана врз луѓе е безбедна и ефикасна

Читај повеќе
  • play_arrow

Мезе на денот: Потпечени лепчиња со лук и моцарела

Читај повеќе

Рамазан Бајрам се слави под маски и во најтесното семејство

Читај повеќе

Тајланд почна со тестирање вакцина против COVID-19 врз мајмуни

Читај повеќе

Сите сме донори доколку не се изјасниме поинаку, но во суштина сепак семејството го дава последниот збор

Читај повеќе

Филипче: Срцето на една сакана мајка и сопруга сега чука тука во градите на Иван и тој го почнува неговиот втор живот

Читај повеќе
  • play_arrow

Instagram кралица: Овошна пица

Читај повеќе

Кои ќе бидат правилата за примање туристи летово во Бугарија?

Читај повеќе