Здравје

Како да се излечите од мамурлак?

8. декември 2019 - 13:17 | М.С.

Како што се ближи крајот на годината, така сѐ повеќе зачестуваат забавите и излегувањата на кои пиете до доцна во вечерта, па наредното утро се будите со мамурлак. За среќа, има начин како да се ослободите од мамурлакот од саботата навечер.

Во суштина, најдобриот лек против мамурлак е водата.

Симптомите на мамурлак се дехидрација, хипогликемија и нуспојави од токсините од пијалоците што сте ги консумирале.

Водата не само што ќе ве хидрира, туку и ќе ви помогне да ги елиминирате токсините од организмот.

Сокот од портокал исто така ќе ви помогне да го нормализирате нивото на шеќерот во крвта.

Вежбање

Одличниот лек против мамурлак е вежбањето кое може да ги отстрани штетните токсини од вашето тело, но важно е да пиете многу вода, затоа што доколку не внесувате течности, ќе се чувствувате уште полошо.

Кафе за главоболката

Кофеинот може да предизвика наплив на енергија, но привремено. Дека кафето е добар лек против мамурлак е далеку од вистината.

Витамин Ц

Студиите покажаа дека витаминот Ц може да му помогне на вашето тело во борбата против мамурлакот.

Во комбинација со одредени аминокиселини и глукоза, ќе му помогне на вашето тело да создаде глутатион, силен антиоксиданс кој помага на телото да се ослободи од токсини.

Еден од најголемите спасители против мамурлакот е јајцето, без разлика дали е пржено, варено или живо. Во јајцата се содржат амино киселини како што е тауринот, кој ја подобрува функцијата на црниот дроб.

Коментирај