Како да се намали септемвриското опаѓање на косата?

Зошто во лето косата паѓа, или почнува да опаѓа штом ќе се вратиме од одмор? Експертите имаат објаснување и даваат корисни совети.

Само што се вративте од одмор и ви се чини дека додека ја миете или чешлате косата ви паѓа повеќе од вообичаено? Не грешите, губењето на косата се засилува во текот на летото, а дерматолозите можат да објаснат зошто.

Губиме повеќе коса во лето, тоа е факт, и постои начин да ја обновиме косата по одморите и да ја подготвиме за зимата.

„Сезонското опаѓање на косата е вистинска работа, а бројни истражувања покажаа дека во текот на летото имаме повеќе коса која е во фаза на телоген, односно фаза на одмор“, вели дерматологот Ирис Рубин.

Објасни дека, патем, околу 85% од косата на нашата глава е во фаза на раст. Само 15% се во фаза на телоген или фаза на одмор - пред испаѓање.

„Истражувањата покажаа дека овој однос се менува во текот на летото и дека во текот на топлите месеци имаме повеќе коса во мирување отколку што расте. Се разбира, логично е овие влакна да паднат со текот на времето. Врвот на тој пад е во август и септември“, вели таа.

Сепак, не е целосно јасно зошто е тоа така. Постојат експерти кои го поврзуваат губењето на косата во лето со еволуцијата, бидејќи главната функција на косата е да ја загрее главата, а не да биде убава, обоена, кадрава или испеглана. Косата не е украс, туку игра важна улога во нашите животи.

Друга теорија наведува дека УВ зрачењето во сончевите месеци ги оштетува скалпот и косата, и затоа губењето и кршењето на косата се почести, но сѐ уште нема дефинитивна научна потврда за тоа.

„Можете да направите две работи. Негувајте ја и хранете ја косата повеќе во текот на летните месеци, бидејќи хидрираната коса е силна, а исушената коса е слаба и полесно ќе се скрши и падне. Бидете нежни со вашата коса, не ја сушете премногу често и не ја затегнувајте со гумени ленти и шноли до толку за да заболи. Дури и хемиските третмани за коса како што се боење и шатирање сведете ги на минимум за да ѝ се даде на вашата коса најмалку еден месец да се опорави, советува д-р Рубин.

Читајте следно: Мултивитамините се можно решение за опаѓањето на косата

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе