Како да се одбраните од агресивно куче?

Во последно време сѐ почести се нападите на кучиња врз луѓе. Како што објаснуваат ветеринарите, кучињата многу ретко први напаѓаат човек и дури откако ќе се почувствуваат загрозени. Меѓутоа, во такви ситуации е тешко да се контролираат емоциите и однесувањето, а особено ако налетате на глутница скитници кои се чувствуваат моќни затоа што се во група.

Како што објасни професионалниот тренер на кучиња, Марџи Алонсо, постојат неколку начини да се одбраните од напад на куче.

„Кучињата често се возбудени поради самиот нагон да бркаат плен или да го заштитат сопственикот, па во одреден момент таа возбуда се менува и тогаш стануваат многу опасни, особено ако се во група. Кучињата имаат тенденција да се хранат меѓусебно од возбудата. Тоа е како кога голема група луѓе на концерт, понесени од атмосферата, прават нешто што нормално не би го направиле, исто е и со кучињата“, сликовито објасни Марџи.

Според неа, ако наидете на агресивно куче, без разлика дали тоа е скитник на кој случајно сте налетале на улица или куче на сопственик кое покажува агресивност, обидете се што помалку да паничите.

Ова се нејзините совети:

1. Смиреност

Не паничете, не бегајте и не врескајте бидејќи тоа ќе биде дополнителен стимул за кучето. Наместо тоа, обидете се да останете смирени, што е тешко кога сте мета на агресивно куче. Не викајте, не мавтајте со рацете и не обидувајте се да го удрите со нога бидејќи тоа ќе го сфати како директна закана. Кучето кое напаѓа обично е збунето и исплашено.

2. Не гледајте го

Прекинете го контактот со очите, свртете се настрана од кучето, но гледајте го со вашиот периферен вид. На овој начин му давате до знаење дека не сте закана за него. Држете ги тупаниците блиску до телото.

3. Не трчајте

Не бегајте трчајќи од кучето освен ако не сте сигурни дека можете да му избегате. Иако првиот инстинкт е да бегате од опасноста, кучето ќе ве стигне дури и кога сте на велосипед, освен ако не сте добар велосипедист, но и тогаш ризикувате друга опасност - брзајќи да ве удри кола, да удрите пешак или нешто друго и да се повредите. Трчајте само ако сте многу блиску до автомобил каде што можете да се скриете и заштитите, под услов да сте сигурни дека ќе стигнете до автомобилот пред кучето.

4. Збунете го

Обидете се да му го одвлечете вниманието со фрлање предмети или храна, но што подалеку од вас. Ова може да го збуни кучето, да му го одвлече вниманието од вас и да ви даде време да се тргнете од него.

5. Команди

Агресивно куче може да се смири со остри команди. Не гледајте директно во очи, туку малку на страна и јасно извикувајте „Назад!“ или „Седни!“. На овој начин му давате до знаење дека сте доминантни и дека треба да се повлече. Откако кучето ќе ја почувствува вашата сила, ќе се исплаши и ќе се тргне на страна.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Живот

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Read more
 

Магазин

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Читај повеќе

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Читај повеќе

Ново истражување: Секојдневното користење омега-3 може да го забави стареењето

Читај повеќе

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе