Дали сте позајмиле нечиј таблет, паметен телефон или компјутер за да си проверите е-пошта и сте заборавиле да се одјавите од уредот? Не грижете се, има начин и е многу едноставен.

Ако случајно сте најавени на Gmail на туѓ уред, ја ставате вашата приватност на голем ризик. Еве како целосно да се одјавите од Gmail на Android, iOS и десктоп компјутер.
Одјавете се од Gmail на десктоп компјутер
Откако ќе завршите со користење на вашиот профил на Gmail или Google, секогаш е добра идеја да се одјавите - особено ако користите заеднички компјутер. За да се одјавите, отворете Gmail и кликнете на сликата на профилот во горниот десен агол. Во панелот, изберете ја опцијата за одјавување, односно Sign out.
Ако сакате да отстраните Gmail профил од вашиот компјутер, тогаш во делот Choose an Account кога се најавувате, кликнете на Отстрани профил, односно Remove an Account. Потоа кликнете на црвениот минус до профилот и потврдете го одјавувањето со Yes, Remove.
Одјавете се од Gmail на iPhone или iPad
Ако сте се пријавиле на туѓ iPhone или iPad, одјавувањето од Gmail може да се направи на два начина. Можете да го „паузирате“ вашиот профил на Gmail или целосно да го отстраните од уредот. Во апликацијата за Gmail на iPhone или iPad уредот, отворете го профилот во горниот десен агол на екранот и изберете ја опцијата за уредување на профилот на уредот со кликнување на Manage Accounts on This Device за да влезете во нов прозорец за профили. Ќе видите список со сите профили кои се најавени, па ако сакате привремено да го деактивирате профилот, притиснете го копчето до името.
За целосно да се одјавите од уредот, изберете ја опцијата за отстранување на профилот од уредот, односно Remove from This Device. Во новиот прозорец ќе треба да го потврдите вашиот избор, по што целосно ќе бидете одјавени од Google. Потоа завршете го процесот со кликнување на опцијата „Done“ која се наоѓа на дното на делот Manage Accounts и ќе се вратите на главниот екран на Gmail.
Одјавете се од Gmail на Android
Профилите на Google (и Gmail) се длабоко интегрирани во Android, што значи дека единствениот начин да се одјавите од вашиот уред е да го избришете целиот профил на Google. Ќе треба да го внесете делот за поставки на уредот за да се одјавите од Gmail. Тој дел, за жал, варира во зависност од производителот, но чекорите се многу слични - речиси исти.
Апликацијата Gmail има многу корисна кратенка за отворање на страницата со профили. Отворете Gmail на Android и изберете ја иконата на вашиот профил на Google во горниот десен агол на екранот. Кликнете Manage Accounts on This Device за да ја отворите опцијата Accounts. Кликнете на профилот од кој сакате да се одјавите. Потоа изберете го копчето Remove Account и потврдете со кликнување на Remove Account повторно во новиот прозорец. Профилот на Google потоа ќе биде избришан од паметниот телефон.
Како да се одјавите од уред кој е изгубен или не кај вас?
Дали знаевте дека можете да користите еден уред за да се одјавите од друг? Оваа корисна опција е поврзана со вашиот профил на Google и функционира без разлика на која платформа се најавувате. Отворете Gmail во вашиот прелистувач и кликнете на сликата на профилот во горниот десен агол. Овде, изберете ја опцијата Manage Your Google Account.
Изберете го табот Security и таму изберете Manage Devices на дното од листата на вашите уреди (Your Devices). Ќе видите список со сите паметни телефони, телевизори, компјутери и таблети на кои сте најавени преку Google. Изберете од кој уред сакате да се откажете и кликнете на трите точки. Потоа изберете одјавување со притискање на Sign Out. Повторете по потреба за други уреди.