Како да се ослободите од анксиозноста која се јавува во есен?

Промената на времето влијае на сите. Врнежливо, студено, сиво. Сите се безволни, нервозни и уморни. 

Откако ќе се појави овој период, се јавува еден вид вознемиреност кај луѓето која се нарекува анксиозност.

Докторката Клер Морисон, вели дека многу луѓе не сфаќаат колку е вообичаена тегобата која се јавува во есен.

Ако секоја година се чувствувате така, мора да преземете нешто.

Симптомите на есенската анксиозност се лошо расположение, депресија, анксиозност, непотребна грижа, раздразеност, летаргичност, поспаност и безволност.

Докторка Морисон истакнува дека една од причините за вознемиреноста е намалување на сончевата светлина што доведува до пад на нивото на серотонин. Овој важен хормон влијае на расположението, апетитот и начинот на спиење. Исто така, во есен се зајакнува хормонот мелатонин кој има тенденција да предизвикува поспаност и пад на расположението.

Недостатокот на сончева светлина се поврзува со недостаток на витамин Д, а тоа е уште една причина за есенската анксиозност.

За да поминете побргу низ овој период, Морисон предлага да излегувате на дневна светлина, да станувате рано за да го искористите денот, да вежбате и да ги практикувате сите останати активности кои можат да ви го подобрат расположението.

Креативната работа е исто така корисна затоа што бара многу внимание и љубов. Доколку имате проблем да се фокусирате и губите волја за било каква активност, Морисон ве советува да се фокусирате кон решавање на овој проблем. Не откажувајте се, насочете ги мислите и енергијата кон вашето омилено хоби.

„Некои луѓе навистина тешко го поднесуваат овој период и не се во можност да се изборат со сезонската анксиозност. Во тој случај, најдобра опција е да побарате помош од некое стручно лице“, заклучува докторката.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе