Како да се ослободите од товарот на минатото?

Кога се држиме цврсто за нешто или некого што повеќе не ни е од корист, не ни причинува радост, нема место во нашиот денешен живот, си нанесуваме уште поголем товар, обидувајќи се да живееме два живота – еден во минатото, еден во сегашноста. Тоа постепено може да почне да го нагризува нашето чувство на целост, на присутност, на прибраност.

Илустрација: Пару Рамеш

Животот во пандемија кај некои од нас го нагласи чувството на недоволност од самите себе, дека пречесто сме барале други луѓе, нешта и настани да го исполнат нашиот мозаик во кој постепено сме се изгубиле себе си.

Ако ова ви звучи познато, почнете со тоа што ќе бидете нежни кон себе си. Не сте сами, многу луѓе некогаш во животот поминале низ тоа, па расчистиле со товарите од минатото на полесниот или на потешкиот начин. Мојот пат кон научувањето како да ги пуштам од раце тие куфери на минатото ми дава поттик да го споделам тоа со други кои се наоѓаат свиткани под слично такво бреме. Спомените или идеалите за одредено време, место, луѓе, цели... наместо да нѐ туркаат напред, нѐ влечат назад, па дури и надолу. И над сето тоа надвиснува чувството на вина што сами сме ја создале и не е ничија, најмалку наша.

Не е само наша одговорност да ги одржуваме врските со другите луѓе, не е наше да реализираме туѓи агенди и планови, не си должиме ни себе си да оствариме цели што ги зацртало старото „јас“. Како луѓе растеме, еволуираме, се трансформираме и треба да си подаваме рака прво себе си.

Ослободувањето од минатото, т.е. заборавањето на тие луѓе, идеи, очекувања, желби, лоши навики, лажни верувања, нездрави односи и така натаму, може да биде многу тешко. Но, треба да бидете свесни дека секој момент од вашиот живот претставува нова можност да започнете од нула и да се ослободите од багажот на минатото.

Ова се неколку работи што може да ги направите за себе, за да раскинете со тоа минато што ве спречува да се движите напред и да си дозволите да бидете среќни без чувство на вина.

Најдете си го вашиот мир, вашиот начин на медитација. Потешко е да го смириме и одмориме умот отколку телото. Преморени сме и животот понекогаш ни прелетува пред очите и се чувствуваме како набљудувачи, а не учесници во нашата сопствена приказна. Станете пријатели со тишината. Таа ќе ви каже многу повеќе за вас отколку кој било друг. Медитирајте на ваш начин, макар и само неколку минути дневно, за почеток.

Одвојте време да размислите објективно за сопственото минато без предрасуди. Сфатете дека вие не сте вашето минато и дека ситуациите, различните шеми на однесување и луѓето во вашиот живот само ги создале вашите искуства, но не и вашата личност. Прифатете ги моментите кога сте згрешиле. Извинете се. Себе си и на другите. Простете си, себе си и на другите. Спознавањето и разбирањето на сопственото минато ќе ви помогне да разберете зошто постојано повторувате некои самоуништувачки однесувања. Разбирањето создава свесност, а свесноста ќе ви помогне да излезете од „маѓепсаниот круг“.

Прифатете го вашето минато и луѓето кои биле дел од него, прифатете ги тие околности и запомнете дека ништо од тоа не ве дефинира. Прифаќањето е првиот чекор кон пуштање на минатото и ослободувањето што следува. Носењето негативни емоции во себе ве оптеретува само вас и никој друг.

Почнете да ја празните вашата „чаша“. Свесно и активно работете на тоа да ги истурите од „чашата“ туѓите очекувања за тоа како, кој, каде и што треба да правите или да бидете. Дури потоа ќе можете да ја наполните вашата „чаша“ со вашата приказна, вашите идеали, соништа, желби, достигнувања...  Само тие имаат вистинска вредност за вас и вашата самољубов. Сѐ друго е заблуда.

Бидете искрени со себе. Дали вашите досегашни основни верувања/вредности, вашите животни достигнувања и постапки што ги направивте за остварувањето на овие достигнувања се она што вие навистина го мислите, чувствувате, сакате? Ако одговорите „не“ макар и по една од овие три точки, вие не живеете живот во кој сте искрени со себе. Почнете да си верувате себе си и да бидете поискрени за тоа што сакате, што можете, што ви треба. Сѐ друго ќе биде многу полесно понатаму.

Бидете корисни. Почнете да се гледате себе си како интегрален дел на вашето опкружување, како витална клетка на овој огромен организам. Одгледувајте растенија, поминувајте повеќе време во природа, живејте поекономично и во склад со природата, рециклирајте, донирајте, помагајте. Едно добро дело повлекува друго.

Бидете дел од процесот, не само набљудувач. И кога ќе ги правите работите што ви причинуваат среќа, ќе сфатите дека и вие можете да бидете извор на среќа за другите околу вас. И бидете подготвени да ви се случат порази. И тие се дел од процесот.

За крај, бидете благодарни. Пред и над сѐ, се имате себе си, но не заборавајте да бидете благодарни за оние членови на семејството, пријатели, партнери, колеги кои го гледаат и сакаат вистинското ТИ. Бидете благодарни за лекциите од минатото, но оставете ги таму. Бидете благодарни секој нов ден во иднината.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Теми и коментари

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more

8 Март и ослободувањето на жената – моќните приказни на жените од Македонија

Read more

Дрво по дрво: Кој ги убива белите дробови на Македонија?

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе
  • filter

Се продава легендарното BMW M1, проценето е до 500.000 евра

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе
  • filter

28 март 1939, завршила Шпанската граѓанска војна

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе