Љубов и секс

Како да се справите со анксиозноста во љубовната врска?

18. ноември 2019 - 11:58 | М.С.

Дури и кога партнерите се среќни и имаат сè што им е потребно во љубовната врска, многумина од нив се соочуваат со анксиозноста. Се преиспитуваат себеси, партнерот, врската.

Во тие моменти партнерите се прашуваат дали нивната врска ќе трае, дали се со вистинската личност, дали партнерот крие нешто од нив, дали ќе бидат среќни.

Сите овие прашања предизвикуваат тешкотија и притисок, загриженост, несигурност и сомнеж кој може да се појави дури иако во врската е сè како што треба.

Сепак, мислењето на психотерапевтите е дека тоа е сосема нормална појава која се јавува во врските.

„Анксиозноста е честа појава“, вели Астрид Робертсон, психотерапевт кој им помага на брачните партнери.

Некои луѓе чувствуваат анксиозност во врската уште на почетокот, пред да дознаат дали нивниот партнер има интерес за нив.

Но, може да се појави и во долгите врски. Тогаш, постои ризик партнерите да се одалечат и да бидат несреќни.

Знаци дека постои анксиозност во љубовната врска

Анкзиозноста може да се покаже на различни начини. Повеќето луѓе во некој момент се чувствуваат несигурно во својот однос, особено во раните фази кога се запознаваат. Тоа не е необична појава, не треба да се загрижувате зошто понекогаш се сомневате и се плашите за врската. Опасно е кога овие мисли стануваат дел од секојдневниот живот.

Некои од знаците се кога се сомневате дали партнерот ве сака, кога се грижите дека ќе ве остави, кога ја саботирате врската или ги анализирате неговите зборови и постапки.

Како да го надминете овој проблем?

Потребно е само малку време и труд. Исто така, за да ја победите анксиозноста, обидете се да бидете внимателни, да комуницирате отворено за вашите проблеми, а може и да разговарате со терапевт.

Коментирај