Како да се справите со претераното потење?

Преку потењето телото се лади, а потта се лачи преку жлездите кои ја прекриваат кожата. Поголем дел од потта се состои од вода, но содржи и соли, шеќер и хемикалии. Кога се потиме, се намалува температурата на телото. Претераното потење може да биде непријатно, но постојат начини како тоа да спречите.

Кога вежбаме, сосема е нормално да се потиме повеќе од вообичаено, но понекогаш претераното потење може да дојде ненајавено и да биде непријатно. Што може да направите за да имате подобра контрола над потењето?

1. Користете антиперспирант

Станува збор за супстанца којашто ќе ја блокира работата на жлездите, а може да содржи метали како цинк и алуминиум кои го блокираат потењето низ порите. Се разликува од дезодорансите коишто само го прикриваат мирисот на пот. Иако најчесто се користи под пазувите, може да се користи и на рацете, стапалата па и на лицето, доколку имате хиперхидроза.

Иако не оставаат сериозни последици по здравјето, понекогаш може да ја иритираат кожата. Може да го користите во комбинација со дезодоранс.

2. Совети против потење

Антиперспирантите мора да се стават на кожата пред да започне потењето, за да бидат ефикасни. Важно е кожата да е сува за да минералите од производот го блокираат потењето.

Ограничете го консумирањето на лута, солена и мрсна храна. Тоа што го јадете влијае на тоа колку се потите. Треба да избегнувате лута, масна и солена храна бидејќи телото повеќе троши енергија за процесирање што значи дека повеќе ќе се потите.

Јадењето овошје и зеленчук, кои содржат многу вода, го разладува телото.

3. Пијте многу течности

Течностите ќе го разладат телото и ќе спречат прекумерно потење. Препорака за дневна потреба на течности е 3 литри за мажи и 2,2 литри за жени. Кај поголеми физички активности потребно е дополнителна количина вода. Пиењето вода треба да се зголеми за време на бременост и доење, како и кај некои здравствени состојби како повраќање, дијареја, висока телесна температура.

Денот започнете го со чаша вода, пијте пред да ожеднете.

4. Носете памучна облека

За да избегнете потење, мора да внимавате што носите. Најубаво е да носите памучна облека, избегнувајте синтетика и свила. Носете светла и памучна облека, почесто избегнувајте темни бои.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Живот

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе