Како да се заштитите од вируси и бактерии во теретана?

Од многубројните истражувања откриено е дека многу бактерии и вируси од теретаната ги внесувате дома.

Healthline ви дава неколку совети како да се заштите од ваквата опасност во теретана. 

Во истражувањето во кое учествуваа повеќе од илјада луѓе кои редовно одат во теретана се откриени следните работи:

  • повеќе од половина луѓе кои вежбаат не ги мијат рацете после тоалет, па со нечисти раце ги допираат справите и теговите 
  • 35% проценти од мажите признаа дека не ги бришат машините и справите откако ќе ги користат
  • 25% од жените признаа дека не ја чистат машината за кардио откако ќе ја користат.

„Важно е редовно да ја посетувате теретаната и не треба да се грижите за тоа дали ќе се разболите таму. Луѓето читаат сè и сешто на интернет, па потоа се плашат да заминат во теретана. Ризикот да се разболите во теретана е многу мал доколку внимавате“, објаснува Нирав Пател, шефот на медицискиот оддел на Универзитетот во Њу Орлеанс.

Но, Пател нагласува дека постојат некои бактерии на кои треба да обрнете внимание.

Стафилококи бактеријата живее во теретаните, поточно на машините и теговите, и во пресоблекувалните.

Доколку сакате да се заштитите, избришете ја опремата со антибактериски марамчиња. Најбезбедната опција е да ја избришете опремата пред да ја користите. Освен тоа, погрижете се да се истуширате веднаш откако ќе си дојдете дома.

Габичните инфекции можат да бидат главна причина за појава на инфекција на нозете, а нив најчесто може да ги добиете во пресоблекувалната. Настануваат поради влагата, па затоа најдобро е редовно да ја менувате облеката која ја носите во тератана за да испари потта од неа. Никогаш не одете боси во теретаната.

Респираторните вируси во воздухот се уште една причина за да бидете внимателни во теретана. Имено, многумина не престануваат да одат во теретана и кога се настинати, а тоа е многу погрешно.

„Доколку забележите некој со настинка, обидете се да се оддалечите од него и не ги користите справите коишто ги користи тоа лице. Избришете ја вашата опрема и не допирајте го лицето со раце“, вели лекарот.

Заклучокот е дека постои начин да се заштитите.

Вежбањето во теретана има многу повеќе корист отколку штета. Одржувајте хигиена, носете квалитетни обувки, свој пешкир, шише за вода и дезинфицирајте ги справите доколку забележите дека се валкани.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе