Како да станете поодговорни со пари?

Финансиската одговорност е една од основите за балансиран живот. Ако не сте одговорни со вашите финансии тоа повлекува многу други грижи, проблеми и стресови што можете да ги одбегнете ако бидете искрени со себе дека не ве бива со пари.

Има неколку знаци дека не го водите добро вашиот буџет. Ако ви стигнува платата од први до први, тоа е снаоѓање, а не добро менаџирање на парите. Плаќањето на сметките на време не е доволно за „финансиско здравје“, треба да имате удобна заштеда за во итен случај и помалку да се потпирате на кредитни картички кога планирате поголеми трошоци како купување мебел или апарати за домаќинство.

Ако постојано се „покривате“ од една картичка на друга, доцните со плаќањето рати, одбегнувате да направите пресметка на месечни трошоци, не сакате да разговарате за пари и наоѓате изговори зошто не штедите, вие имате проблем со финансиската одговорност и треба да преземете нешто во врска со тоа пред да се влоши.

За почеток, пресметајте се

Звучи страшно и воопшто не е забавно, но верувајте, ќе се чувствувате подобро потоа. Направете список на вашите месечни приходи и хонорари, како и проценка на она што го поседувате (штедна сметка, недвижнини, автобомил, девизи, злато, уметнички дела).

Потоа направете список на долгови – кредитни картички, кредити, позајмици и трошоци од купување на рати.

Кога ќе ги направите овие пресметки ќе имате точна претстава за тоа што поседувате и што должите и ќе ви биде подобро откако ќе се соочите со реалната ситуација. Тоа е првиот чекор кон промена.

Запишувајте колку трошите

Ако немате проблем со редовно плаќање на сметките секој месец, ви останува да ги следите тековните трошоци. Тука спаѓаат пари потрошени на подароци, патување, забава, храна и пијалоци и облека. Запишувањето на секој трошок ќе ви помогне да не се мислите каде ви „летнале“ 1.000 денари кога не сте купиле ништо „конкретно“.

Ова ќе ви помогне да имате увид на вашето трошење и да забележите кои ви се „црните дупки“ каде непотребно ви одат парите и ќе донесувате попаметни одлуки во врска со трошењето.

И кратењето трошоци е штедење

Вака ќе согледате каде може да направите кратење на трошоците, со рангирање по приоритет. Можете да направите „чисто“ кратење на последните три работи на списокот, или да ги намалите трошоците во проценти, на пример, најголемиот месечен трошок редуцирајте го за 20%.

Можеби не ви се чини како голем чекор, но ваквата дисциплина ќе се покаже колку е вредна долгорочно. Секоја промена е значајна ако сте конзистентни и води кон здрави финансиски навики. Ова се првите чекори кон учење како да штедите.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе