Како да воспоставите добри односи со колегите на работа

Прва и најважна работа е да водите дијалог со колегите, а не монолог. Дозволете и на другите да дојдат до збор и да го искажат своето мислење.

Не е никаква новост дека многу луѓе поголемиот дел од денот го поминуваат на работа отколку дома, па логично e дека колегите од работа на некој начин стануваат како „второ семејство“, некој на кој би можеле да му веруваме.

Поради тоа е важно меѓучовечките односи во работната атмосфера да функционираат како што треба и сите да се чувствуваат добро.

Нема многу полоши работи од тоа да морате секој ден со „грч во стомакот“ да одите на работа и со чувство на непријатност.

За да избегнете такво нешто, еве неколку чекори кои можете да ги преземете за да имате добри односи со колегите.

За почеток, секогаш работете го она што сте го ветиле, бидејќи тоа е единствениот начин колегите да ве доживеат како доверлива личност.

Не е ниту помалку важно да разговарате со другите и да покажете интерес за приватните проблеми за колегите.

Луѓето ја ценат умерената љубопитност (на пример да знаете дали вашата колешка има деца или живее сама, дали е вегетаријанка и слично). Затоа, кога можете, „олесните“ им се на колегите.

Ако, на пример, воочите дека некој од вашите колеги се чувствува несигурно или остава таков впечаток, помогнете му и потсетете го на неговите предности и успеси.

Во превод, бидете сочувствителни, бидејќи и на вас сигурно некогаш ќе ви се случи да дојдете нерасположени на работа.

Немојте постојано да зборувате само за себе и да им влегувате на другите во збор, туку дозволете им и на другите да го кажат своето.

Многу е важно да не се преценувате, односно ценете ја помошта од колегите и кога тоа некој ќе го направи истакнете го јавно.

Немојте да ги преземате сите заслуги лично, бидејќи тоа воопшто не е фер, а не е ниту пристојно. Бидете колегијални луѓето тоа ќе го препознаат и ќе знаат да го ценат.

На кратко, во работата, токму како и во животот, не им го правете она на другите што не би сакале некој да ви го прави на вас.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе