Како да знаете дали некој го блокирал вашиот телефонски број?

Кога некој ќе го блокира вашиот телефонски број, постојат одредени знаци кои можат да укажат на тоа.

Ова се дел од нив, пишува Life Wire:

1. Необични пораки кога го повикувате бројот

Не постои стандардна порака за блокиран број, а покрај тоа многу луѓе не сакаат другата страна да дознае дека бројот им е блокиран. Ако добиете необична порака која претходно не сте ја слушнале, постои можност таа личност да го блокирала вашиот број преку операторот.

Пораката се разликува зависно од операторот, а обично е слична на овие: „Личноста која ја барате моментално е недостапна. Личноста која ја барате моментално не прифаќа повици. Бројот што го вртите моментално не е во функција“.

Ако го вртите бројот еднаш или двапати дневно и секој пат ја добиете истата порака, можно е вашиот број да е блокиран. Секако, постојат и исклучоци кои можат да резултираат со исти пораки, а во исклучоци се вклучуваат природни катастрофи кои ја оштетиле мрежната инфраструктура или некој голем настан кој резултира невообичаено голем број луѓе истовремено да телефонираат.

2. Ѕвонење

Ако чуете како ѕвони само еднаш или воопшто не ѕвони пред да се вклучи говорното сандаче, тоа би можело да укажува дека другата страна го блокирала вашиот број.

Ако слушнете три до четири ѕвонења пред вашиот повик да биде насочен на говорна пошта веројатно не сте блокирани, но оваа личност ги одбива вашите повици или ги игнорира. И во овој случај има исклучоци, особено ако е вклучена опцијата „Не вознемирувај“. Во тој случај, повикот ќе биде насочен кон говорна пошта.

3. Зафатена линија

Ако добиете зафатен сигнал, можно е вашиот број да биде блокиран преку операторот. Од различни знаци кои укажуваат на блокиран број, овој е најмалку вообичаен иако некои оператори се уште го користат.

Треба да се нагласи дека ова може да се појави и кога операторот има технички проблеми. За да го потврдите тоа, повикајте друг број кој е од истиот оператор како и лицето кое се обидувате да го повикате и дознајте дали повикот ќе успее.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе