Како децата го поднесуваат коронавирусот и кои симптоми ги покажуваат?

Повеќето деца имаат благи симптоми на коронавирус, покажаа резултатите од истражување спроведено во Европа. Четири од 582 деца, кои биле под надзор, починале од коронавирус, а две од нив имале некоја друга хронична болест.

Децата имале благи симптоми, некои од нив биле позитивни на коронавирусот и немале никакви симптоми, но едно од десет деца биле на интензивна нега. Во истражувањето учествувале 582 деца од 15 европски земји, на возраст од 3 дена до 18 години.

Сите кои учествувале во истражувањето биле позитивни на коронавирус од април. Четвртина не покажале никакви симптоми.

Од четирите смртни случаи ниту еден не бил кај деца помлади од 10 години.

Кои симптоми ги имале децата?

65% од нив имале температура, 54% инфекција на горните дишни патишта, 25% воспаление на белите дробови и 22% гастроинтестинални симптоми.

Истражувачите велат дека степенот на смртност кај децата е веројатно значително понизок од оној забележан во студијата, бидејќи некои деца со благи симптоми не се тестирани ниту им е дијагностициран коронавирус.

Потребни се повеќе податоци за лекарите да одлучат на кој начин најдобро може да се лекуваат децата, ако се разболат.

„Сепак, значаен број од децата развиваат сериозна болест и имаат потреба од интензивна нега, а тоа треба да се земе во обѕир при планирањето на здравствените ресурси“, вели доктор Марк Тебруег.

Кај повеќето деца се работело и за други респираторни вируси, покрај коронавирусот. Истражувањето е објавено во The Lancet Child and Adolescent Health.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе