The Walt Disney Company е една од најголемите медиумски компании за забава. Основана е на 16 октомври 1923, од страна на браќата Волт и Рој Дизни како анимирано студио, кое оттогаш е претворено во едно од најголемите и највлијателните студија во Холивуд и сопственик на мноштво тематски паркови и неколку телевизии, вклучувајќи ги ABC и ESPN.

Од продукцијата на Disney излегле најголемиот дел од анимираните филмови со кои израснаа децата во 80-тите и 90-тите, како The Jungle Book (1967), Oliver & Company (1988), The Little Mermaid (1989), Beauty and the Beast (1991), Aladdin (1992), The Lion King (1994), Pocahontas (1995), Hercules (1997) и многу други.
Но, верните фанови забележаа дека аниматорите на Disney не се премногу потресени кога треба да направат анимација за нов филм – едноставно рециклираат некоја постара.
Дечки, не се залагаме за такво рециклирање.