Како до рамен стомак?

Рамниот стомак дава до знаење дека навистина сте посветени на вежбање и внимавате на исхраната. Иако треба многу да жртвувате, сепак подобрувањето на физичкиот изглед и здравје навистина добро ќе влијае на вашата самодоверба.

За да се дојде до рамен стомак треба да се вложи многу труд, а посебно ако имате вишок килограми. Но, не е неизводливо.

На патот до рамен стомак ќе треба да се придржувате до многу фокусирана и детално планирана исхрана, а ќе треба и да вежбате плански, без прескокнување на тренинзи бидејќи сте „изморени“.

Најпрво, ослободете се од салото

Никој нема да може да ги забележи вашите стомачни мускули ако претходно не се ослободите од салото над нив. А за да го направите тоа не е доволно само двапати неделно да го прошетате кучето и да се откажете од еден десерт за време на викендот.

Во просечното машко тело има 28% маснотии, а за да почнат да се познаваат стомачните мускули таа бројка треба да биде околу 12%. За да се дојде до таа бројка е потребна напорна работа.

Направете измени во менито

Исфорсирајте го телото да губи калории со тоа што ќе внесувате повеќе калории кои се лесни за согорување. Постои онлајн калкулатор кој може да ви помогне да направите негативна разлика помеѓу калориите кои ги внесувате и оние кои ги губите. Дефицитот од околу 500 до 1.000 калории на ден ќе резултира во губење на околу еден килограм неделно.

Фокусирајте се на јадење повеќе зеленчук и протеини, како што е стекот и пилешките гради. Исто така, пробајте да го намалите внесот на шеќери.

Постепено зголемувајте го времетраењето и интензитетот на вежбањето

Човекот треба да внесува околу 1.800 калории дневно за телото да функционира идеално, така што наместо да се прегладнувате, пробајте да внесувате потребна количина на храна, но вежбајте повеќе.

Откако ќе помине период во кој ќе вежбате секојдневно со ист интензитет и времетраење, зголемете го едното или другото. Најдобро е да се зголемува интензитетот еднаш месечно, за да дојдете до посакуваните резултати.

реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе