Како докторите ја лекуваа повредата на Роналдо?
Португалскиот фудбалски гениј заработи исеченица на мечот против Депортиво Ла Коруња додека го постигнуваше неговиот втор гол. Видеото во кое Роналдо на екран од телефон ја проверува повредата на лицето стана вирален хит, но по ова видео може да се забележи дека оваа повреда не е ни малку наивна.
Роналдо знае како да го насочи вниманието кон себе, па тоа беше случај и со ова видео во кое клупскиот доктор ја шие исеченицата на лицето на Роналдо.
„Кристијано има исеченица. Заработи два-три конци, но не е ништо опасно“, изјави неговиот тренер Зинедин Зидан.