Ракијата од мед е како ликер, густа и ароматична, а со неколку состојки можете и сами да ја направите.
Популарно позната како медовача, оваа ракија припаѓа во категоријата ликери и потекнува од Старите Словени. Низ истроријата била високо ценета поради лековитите својства. Многу е пријатан на вкус и покрај големата јачина која се чувствува во стомакот. Во умерени количини поволно делува на циркулацијата, против бактерии и вируси и го подобрува апетитот и варењето, и е идеален аперитив. Се консумира разладена.
Потребни состојки:
- 0,5 л ароматичен мед
- 0,8 л сливовица
- 0,1 л дестилирана вода
- 0,1 л суво бело вино
- кора од 1 лимон
- прстофат коријандер
Подготовка:
Истурете го медот во големо тенџере и загрејте го со умерено мешање додека не стане течен. Кога медот е доволно течен, додадете сливовица, дестилирана вода, бело вино, рендана кора од лимон и коријандер и постојано мешајте.
Истурете ја смесата во шишиња што можат да се затворат. Оставете да отстои два месеца, по што смесата се процедува и ракијата се прелива во чисти шишиња. Колку подолго седи, толку е повкусна.