Чек дис аут

Како Џејмс Корден успеа да го налути Бекам?

13. март 2019 - 11:36 | Б.С.Б.

Комичарот Џејмс Корден досега се има пошегувано со многу славни личности, а овој пат му приреди пренк на славниот Дејвид Бекам, кој иако се налути, успеа да остане учтив и пријатен.

Корден со лажна статуа од фудбалерот успеа да го измами, снимајќи ја неговата реакција. При доаѓањето на откривањето на статуата, Дејвид Бекам спонтано разговара со обожаватели, се фотографира со нив и одговара на прашања, но по откривањето на статуата на која е прикажан прилично грдо, побара камерите да бидат изгаснати за да не ја снимат неговата реакција.

Тој навистина поверува дека станува збор за вистинска статуа која ќе биде изложена, а неговото разочарување може да го погледнете во видеото.

Коментирај