Чек дис аут

Како Џон Оливер го исмеа претседателот на Туркменистан?

15. август 2019 - 13:01 | Б.С.Б.

Претседателот на Туркменистан, Гурганбули Бердимухамедов, е извор на забава за странските комичари. Еден од нив го искористи неговото последно исчезнување во јавноста за да го исмее.

Пред авторитарниот претседател на Туркменистан ненадејно да се појави на Каспискиот економски форум неделава, во таа земја се ширеа шпекулации за него бидејќи еден месец се немаше појавено во јавноста. Со оглед на тоа дека тој редовно се појавува во медиумите неговото отсуство не мина незабележано и предизвика шпекулации дека му е влошено здравјето или дека е мртов.

Токму тоа го инспирираше Џон Оливер во Last Week Tonight да му посвети цели 20 минути на претседателот на Туркменистан, прикажувајќи ја неговата личност низ воспоставениот режим.  Оливер се пошегува за опсесијата на туркменистанскиот претседател со коњи, особено за неговиот непријатен пад од коњ, настан за кој властите дадоа сè од себе во обидот да го прикријат. Обрна внимание и на темната стана на животот во Туркменистан, особено на ужасната состојба на човечките права.

Исто така ја опиша и опсесијата на претседателот да поставува светски рекорди. И самиот водител се обиде да урне рекорд, со правење најголема мермерна торта во светот, колач од 55 метри квадратни со слика на претседателот како паѓа од коњ.

Коментирај