Како е да се биде Капетан Америка?
Во филмскиот универзум на Marvel, Капетан Америка скока, се справува со негативци и прави акробатски потези, сето тоа додека во рацете држи штит. Дали тоа му преставува проблем и дали обичен човек може да ги изведе сите тие активности?
Истото прашање си го постави и креаторот на YouTube каналот Friggin Boom Toys, така што направи домашна реплика на штитот на Капетан Америка и проба да изведе неколку паркур вештини самиот.
Секако, тој нема супермоќи, но и не мора да се бори против супермоќни негативци кои сакаат да го уништат светот, така што работите се прилично избалансирани.