Како е да се живее со осум жени?

МИА/Кајгана
/ 04.10.2022 / 12:33

Бразилецот Артур О’Урсо го привлече вниманието на јавноста откако откри дека е во врска со девет жени. Сепак, една од нив во меѓувреме го напушти… Како и да е, тој проговори што сѐ им треба, и за што сѐ е задолжен околу своите незаконски „сопруги“.

Како што самиот вели, животот на овој Бразилец е далеку од едноставен. Признава дека не е секогаш лесно да биде во чекор со барањата на девојките. За да ги задржи задоволни, меѓу другото на пр., мажот мора да го одржува своето тело извајано…

– Тие бараат постојано да бидам во форма, или следуваат „лекции“… Па, морам во теретана, а и од исхраната ги исфрлив јагленохидратите. Не внесувам глутен, лактоза, па дури ни леб, ни тестенини, започна Артур.

Покрај тоа, човекот мора да состави и „секс-распоред“, за да „не се доведе до исцрпеност“. Инаку, секоја од дамите има различен вкус, па некои од нив и „не се среќни“ што тој толку многу се посветува на својот изглед.

– Некои од нив не сакаат толку многу да ме гледаат како се грижам за себе… Но, тие се само љубоморни, вели тој.

О’Урсо првично бил во брак со Луана Казаки, а со неа споделуваше секси-снимки со што заработуваа до 73.000 долари месечно на страницата „Онлифанс“ (OnlyFans).

Сепак, лани човекот реши да ѝ пркоси на „здодевната моногамија“ и „да протестира“ против неа. Венчавката со уште осум други жени не била законска, бидејќи во Бразил полигамијата е забранета. Но, свадбена свеченост имало. Во меѓувреме, една од нив, по име Агата, решила да ја напушти таа заедница, бидејќи не сакала да го дели својот сопруг со други жени.

– Па, едната ме сакаше само за себе. Мислам дека таа е себична… Сѐ е подобро кога се споделува! Мојата желба отсекогаш била да имам 10 жени. Имам само една ќерка, но сакам да имам дете со секоја моја сопруга. Љубовта што ја чувствувам кон секоја од нив е иста, нагласува тој.

И неговите партнерки се согласуваат со него. Тој смета дека „ставот на Агата е погрешен“ и дека таа се согласила на бракот само заради авантура, а не поради вистински чувства. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе