Како е можно Јунајтед редовно да е инфериорен на теренот?

Манчестер Јунајтед синоќа одигра без голови во натпреварот против Севиља, во рамки на првата средба од Лигата на шампионите во осминафиналето, а само благодарение на чудата кои ги правеше на голот семоќниот Де Геа, тимот на Мурињо успеа да избегне пораз во Шпанија.

Јунајтед повторно беше инфериорниот тим во однос на својот противник, одиграа катастрофален натпревар, но за нивна среќа го имаа расположениот Шпанец кој ги бранеше сите удари кон неговиот гол, и со оваа партија потврди дека нема дилеми околу тоа кој е најдобар голман на светот во овој момент.

Меѓутоа, што е со неговите соиграчи?

Општо е познато дека Жозе Мурињо не е поддржувач на напаѓачки фудбал, но исто така не е поддржувач и кога екипата игра дефанзивно и е инфериорна.

Најсвеж пример за таа разлика е синоќашниот натпревар на „Стемфорд Бриџ“, меѓу екипите на Челзи и Барселона.

Меѓутоа, што се однесува до „Ѓаволите“, нивната игра во последно време во најмала рака можеме да ја карактеризираме како досадна и очајна.

На последните пет натпревари Манчестер Јунајтед беше поразен два пати во Премиер лигата како гост – од Тотенхем (2:0) и Њукасл (1:0), два пати го совладаа Хадерсфилд со 2:0, прво во првенството дома, па во ФА купот во гости, додека синоќа одиграа со Севиља без голови, благодарение на, како што веќе нагласивме, неверојатниот Давид Де Геа.

На тие пет натпревари фудбалерите на Манчестер Јунајтед упатиле вкупно 46 удари кон противничкиот гол, додека ривалите упатиле дури 80 кон нивниот гол.

Поради ова, неверојатен звучи податокот дека фудбалерите Јунајтед на тие пет натпревари постигнале повеќе голови отколку што примиле (4:3).

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе