Како е правилно: Божиќ или Божик?

Новогодишната еуфорија е во ек, за неколку дена ќе ја испратиме 2022 година и ќе ја дочекаме 2023, па затоа сега е совршеното време да се потсетиме како правилно се честитаат и пишуваат празниците.

За да не згрешиме во честитките и пораките, да се потсетиме дека имињата на празниците се пишуваат со голема буква.

Притоа, само првиот збор се пишува со голема буква, освен ако не се лични имиња. Придавките изведени од имињата на празниците се пишуваат со мала буква, затоа правилно е новогодишни празници, односно божиќни (божикни) празници, божиќна честитка.

Така, правилно е:

Среќна Нова година!

Честит Божиќ/Божик!

Среќни новогодишни и божиќни празници!

Дедо Мраз

Забележувате дека и двете форми, Божиќ и Божик, се употребуваат според македонскиот правопис, што значи дека и двете се точни. 

Личните имиња се пишуваат со голема буква, па затоа правилната верзија е Дедо Мраз.

Неправилно е:

Среќна Нова Година!

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

Дедо мраз.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @hramina.mk

Тагови
реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Каков чај треба да пиете навечер за да заспиете побрзо?

Read more

Земја која се пласираше на Мундијалот е на списокот на Трамп за целосна забрана за издавање визи

Read more

Силвестер Сталоне отсекогаш сакал да глуми еден херој на Marvel

Read more

Живот

Каков чај треба да пиете навечер за да заспиете побрзо?

Read more

Како да ја поттикнете домашната мачка да биде физички поактивна?

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Што ако се омрсите за време на постот?

Read more
 

Магазин

Каков чај треба да пиете навечер за да заспиете побрзо?

Читај повеќе

Паркинг место во САД се продава за 750.000 долари

Читај повеќе

Најевтината храна за појадок го намалува холестеролот и дава енергија

Читај повеќе

Како да ја поттикнете домашната мачка да биде физички поактивна?

Читај повеќе

Како пилешкиот џигер да биде мек, а не тврд?

Читај повеќе

Што се случува во телото по само пет дена јадење брза храна?

Читај повеќе

По пет години во кал iPad помогнал да се реши случај на кражба и обид за убиство

Читај повеќе

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Читај повеќе

Која храна најмногу ги оштетува забите?

Читај повеќе