Како елитна единица талибанци пребарува аеродром?
Од единицата наречена Badri 313 Battalion, која е всушност талибанска елитна единица, се појави видео (на кое некој додал и музичко парче) во кое се гледа како војниците патролираат низ затворениот „Хамид Карзаи“ аеродромот во Кабул.
Бизарните снимки покажуваат како војниците нишанат кон непостоечки цели, се прекачуваат преку пластични столчиња и со нога успешно отвораат отклучени врати. Во една сцена дури и проверуваат дали има пајаци.