Неодамна, во интервју Елон Маск откри дека веројатно ќе се пресели на Марс, поточно дека постојат 70 проценти можности дека ќе оди на Марс додека е жив, со цел засекогаш да се насели на Црвената планета. Но, тоа не е сè.
Тој полека ги разоткрива и плановите како да го колонизира Марс. Но, не е сам во таа амбиција, и НАСА планира да испрати луѓе на Марс во 2030 година.
Кина исто така има вселенска програма чија цел е лансирање на пробен лет на Марс во 2020 година. Научниците се заинтересирани за Марс од различни причини, меѓу кои и откривањето за потеклото на животот.
Во ова видео ќе дознаете подетално кои се точните намери на Маск и како планира да ја освои Црвената планета.